Израелскиот премиер го одложи испраќањето преговарачи во Катар до средбата со Трамп

February 2, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи да го одложи испраќањето на преговарачкиот тим во Катар за разговори за втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа до неговиот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп закажан за вторник, објавија израелските медиуми, јавува Анадолу.

Нетанјаху денес отпатува за Вашингтон на разговори со Трамп.

Разговорите во Доха требаше да започнат во понеделник, но Нетанјаху одлучи да го одложи испраќањето на преговарачкиот тим додека не се сретне со американскиот претседател.

Израелскиот информативен сајт „Вала“, повикувајќи се на неименувани израелски официјални лица, објави дека Нетанјаху „сака да почека до средбата со Трамп за да го процени ставот за втората фаза од договорот и може ли со него да постигне договор“.

„Сериозните дискусии за втората фаза нема да започнат пред разговорите на Нетанјаху со Трамп. Ништо значајно нема да се случи пред тоа“, изјави висок израелски функционер.

Во изјавите пред заминувањето за САД ова утро на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, Нетанјаху средбата со Трамп ја нарече „доказ за силата на израелско-американскиот сојуз“.

Нетанјаху требаше да се сретне со преговарачкиот тим во сабота, но ја откажа средбата во последен момент, објави Вала.

Наместо тоа, израелскиот премиер го испрати воениот секретар, генерал-мајор Ромен Гофман, да го извести тимот дека во оваа фаза нема да патуваат во Катар.

Одлуката, која беше еднострано донесена од Нетанјаху, не била разговарана со преговарачите.

Претходно оваа недела, Нетанјаху го информираше преговарачкиот тим дека разговорите за втората фаза ќе ги води министерот за стратешки прашања Рон Дермер.

Овој потег, тврди тој, е неопходен бидејќи „овие преговори се политички и стратешки, фокусирани на повоената иднина на Газа“.

На 19 јануари стапи на сила првата шестнеделна фаза од договорот за Газа и размена на затвореници меѓу Хамас и Израел, при што ќе продолжат преговорите за следните фази од договорот. Договорот е посредуван од Египет и Катар, со поддршка од САД.

Во израелската геноцидна војна убиени се повеќе од 47.400 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 111.000 се повредени од 7 октомври 2023 година.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење во ноември минатата година за Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРАВДА ЗА ФРОСИНА: Заочна протестниот марш од Универзална сала! (ФОТО)

Следно

Французите преку Португалија до бронзен медал на СП

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop