Израелскиот министер за надворешни работи пристигна во Киев каде што ќе ја отвори Амбасадата

February 16, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – (АА) – Израелскиот министер за надворешни работи, Ели Коен, пристигна денеска во главниот град на Украина, Киев, за повторно да ја отвори Амбасадата на Израел во Украина, јавува Анадолу.

Коен е првиот израелски министер што го посети Киев по избувнувањето на војната во Украина во февруари минатата година.

Тоа е прва странска посета на Коен откако ја презеде функцијата министер за надворешни работи на Израел во декември 2022 година.

„Израел минатата година застана покрај украинскиот народ и Украина, а денеска ќе ја вратиме Израелската амбасада во Киев на континуирана активност со цел зајакнување на односите меѓу двете земји“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Израел.

Се очекува Коен да се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски и со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулебa.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Снимките од Кахраманмараш пред и по земјотресот го покажуваат размерот на разорувањето

Следно

Мотивација за учениците: 200 гратиси за лизгање за најдобрите од деветто одделение во Центар

Latest from Blog

Магла на повеќе патни правци и на планинските превои Стража, Плетвар и Страцин

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а сите патни правци во државата се проодни.  Поради појава на магла намалена видливостдо 100 метри има на патниот правец Демир Хисар

Најмалку седум ученици загинаа во експлозија во близина на училиште во Авганистан (ВИДЕО)

Седум ученици загинаа, а уште 99 други беа повредени во силна експлозија во близина на училиште во покраината Кунар во североисточен Авганистан, потврди портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Талибанците, Абдул

Тоневски: Пробиштип со нови мерки за семејствата – прв дом без комуналии, повисок надоместок и бесплатна градинка

Од 1 јануари 2027 година, младите брачни парови до 35-годишна возраст во Општина Пробиштип нема да плаќаат комуналии при изградба на првиот сопствен дом. Од истиот датум, надоместокот за трето и
Go toTop