Израелскиот министер за финансии Смотрич: „Ќе ја интензивираме изградбата на еврејски населби на Западниот Брег“

August 20, 2023
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, изјави дека Владата ќе ги интензивира градежните активности во израелските населби на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.

Смотрич ја објави пораката на платформата за социјалните мрежи Х по вооружениот напад во градот Хувара во северниот дел на Западниот Брег, во кој беа убиени двајца израелски доселеници.

Смотрич го осуди нападот и порача дека израелската војска треба да продолжи со акциите и да ја гарантира безбедноста на Западниот Брег.

Додаде дека Владата во текот на овој процес ќе ги интензивира градежните работи во населените места на Западниот Брег.

Во извештајот на израелската невладина организација „Peace Now“ се наведува дека израелската влада планира да одвои 190 милиони долари за илегални еврејски населби на Западниот Брег.

Двајца израелски доселеници беа убиени во вооружен напад на 19 август во градот Хувара во северниот дел на Западниот Брег.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиријците се борат со жештините во бегалскиот камп во Идлиб каде температурите се искачија до 50°C

Следно

Драма во Охридското езеро, езерската полиција спаси пет лица од едрилица (ВИДЕО)

Latest from Blog

Rina Ajdari u përgjigjet deputetëve të VLEN-it

Deputetja dhe koordinatorja e grupit parlamentar të BDI-së, Rina Ajdari gjatë seancës së sotme të parlamentit u është përgjigjur deputetëve të VLEN-it dhe kryeparlamentarit Afrim Gashi, duke i akuzuar ato se kanë

Иран ја повика Германија и бара објаснување за американската воздушна база Рамштајн

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда тврди дека успеала да оштети американски борбен авион Ф-35 за време на борбена мисија, објавува Ал Џезира. Иран бара појаснување од Германија. Амбасадорот на Иран во Германија,

Мисајловски: Иницираме постапка како да им помогнеме на сите војници што имаат 45 години и треба да заминат во пензија

Министерството за одбрана работи на решение со кое би им се помогнало на војниците кои по навршување на 45 години треба да ја напуштат службата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски во

Mакрадули: Партијата, државта не се простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат, создаваат и придонесуваат

Случувањата деновиве во СДСМ, единствената партија во која се вградувам, како и ФБ меморијата ме вратија години наназад, во далечната 2013 година. (На сѐ уште најдобарата конвенција на СДСМ). Тогаш, по 24
Go toTop