Израелски воени авиони извршија воздушен напад југозападно од Дамаск

January 2, 2025
1 min read

ДАМАСК (АА) – Израелски воени авиони денес извршија воздушен напад врз Тел ал-Шахем, југозападно од сирискиот главен град Дамаск, изјавија локални извори за Анадолу.

Изворите наведоа дека нападната локацијата била користена како воена база на силите на Башар ал Асад пред падот на режимот.

За време на нападот во Дамаск се слушнале силни експлозии, истакнаа изворите.

Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

Преземањето на контролата дојде откако борците на Хајат Тахрир ал-Шам ги зазедоа клучните градови во молскавична офанзива која траеше помалку од две недели. Новата администрација предводена од Ахмед ал Шара сега управува со земјата.

Израелската војска ги интензивираше нападите врз сириските територии по падот на Асад, насочени врз воената инфраструктура и објекти, проширувајќи ја контролата врз окупираната Голанска Висорамнина.

Израел го окупираше најголемиот дел од Голанската висорамнина од Блискоисточната војна во 1967 година. По падот на режимот на Асад, Тел Авив ја зазеде демилитаризираната зона во сириската провинција Кунеитра и прогласи колапс на Договорот за раздружување од 1974 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Низ патарите лани поминале 62.662.988 возила – приход од над 66.5 милиони евра

Следно

Ѓоковиќ со ново историско достигнување

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop