Израелската војска во текот на целата ноќ го бомбардираше Појасот Газа, користеше и фосфорни бомби

December 6, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската Армија уби многу Палестинци во нападите што продолжија во текот на ноќта во различни делови на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Според вестите на официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, во израелското бомбардирање на две куќи во бегалскиот камп Нусајрат во централниот дел на Појасот Газа загинале шест лица, а многумина се повредени.

Три лица се убиени, а многумина се повредени кога израелските воени авиони бомбардираа куќа во градот Хан Јунис во јужниот дел на Газа.

Израелската Армија со артилериски оган ги погоди населбите Ал-Туфах, Ал-Дарај и Ал-Шуџаија во градот Газа и регионите Ал-Фухари, Хузаа и Абсан источно од Хан Јунис.

ВАФА наведува дека израелските сили жестоко го нападнале центарот на бегалскиот камп Џабалија на северот од Појасот Газа со фосфорни бомби.

Тимовите за цивилна одбрана соопштија дека многу мртви и повредени се затрупани под урнатините поради нападот на израелската Армија и дека е тешко да се извлечат од урнатините.

Израелските сили приведоа 35 здравствени работници, вклучително и лекари и работници на брзата помош во Појасот Газа.

Израелската Армија соопшти дека во последните 24 часа извршила воздушни напади на околу 250 локации во блокираниот Појас Газа.

И покрај повиците за прекин на огнот од целиот свет, Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа.

Израелската Армија, која започна копнен напад врз Хан Јунис на југ, како и на северот на Појасот Газа, ги засили воздушните напади во регионот.

Во соопштението на Армијата се наведува дека во последните 24 часа биле извршени воздушни напади на околу 250 локации во Појасот Газа.

Тие тврдат дека биле погодени локациите каде што се наоѓаат бригадите Ал Касам, вооруженото крило на Хамас.

Израел во петокот ја продолжи својата воена офанзива на Појасот Газа, откако заврши еднонеделното хуманитарно примирје со Хамас, бидејќи страните не успеаја да се договорат за условите за одржување на примирјето.

Бројот на убиени Палестинци од почетокот на израелските напади на 7 октомври се зголеми на 16.248.

Меѓу жртвите има 7.112 деца и 4.885 жени. Во израелските напади беа ранети повеќе од 43.616 луѓе.

Околу 7.600 луѓе сѐ уште се водат како исчезнати во урнатините низ Појасот Газа.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибаловиот протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (IDF) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневска: СДС и ДУИ го уништија образованието, Македонија е на дното на ПИСА тестирањето

Следно

Дожд и снег утре, за викендот стабилно и потопло

Latest from Blog

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop