Израелската војска: Во борбите против Хамас загинаа 123 војници

October 10, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската војска денес објави дека од избивањето на борбите со палестинската група Хамас за време на викендот загинале 123 војници, пренесува Анадолу.

Порталот „Тајмс оф Израел“ пренесе дека израелската војска ги објавила имињата на уште 38 војници што загинале во борбите во изминатите три дена, со што вкупниот број достигна 123.

Вкупниот број на досега загинати Израелци изнесува 900, а бројот на ранети 2.616.

Што се однесува до израелските заробеници во Газа, израелските власти не ја наведоа бројката. Израелската војска објави дека известила повеќе од 100 семејства дека нивните членови се заробени од Хамас, а израелскиот амбасадор во Обединетите нации (ОН), Гилад Ердан, процени дека бројот на израелски заложници е меѓу 100 и 150.

Военото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, во саботата наутро започна сеопфатна операција наречена „Поплава Ал Акса“. Илјадници ракети беа истрелани од Газа кон Израел, а вооружени групи влегоа во населените места во регионот.

Групата соопшти дека операцијата е одговор на израелските напади во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Ал-Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство од доселениците.

Бројот на загинати Палестинците од нападите на израелските сили во Газа се искачи на 704, од кои 143 деца и 105 жени, соопшти рано утрово Министерството за здравство во Газа. Се наведува дека бројот на ранети се искачил на околу 4.000.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седница на комисијата за Онкологија: Претседателката Мизрахи најавува дека сѐ ќе се расчисти

Следно

Досега 30 македонски државјани го напуштија Израел, уште 100 чекаат евакуација

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop