Израелската војска уби двајца Палестинци во Газа и покрај прекинот на огнот

March 9, 2025
1 min read

ГРАД ГАЗА (АА) – Двајца Палестинци се убиени денес, а повеќемина ранети во израелско артилериско гранатирање во Појасот Газа и покрај договорот за прекин на огнот, соопштија медицински лица, јавува Анадолу.

Очевидци рекоа дека израелските сили стационирани долж источната граница на Газа истрелале граната врз насобрани Палестинци во населбата Суџаја во градот Газа.

Во нападот убиени се две лица, а повеќемина се повредени, изјави медицински извор.

Израелските сили отворија оган и во подрачјето на Ал-Санати, источно од Абасан ал-Кабира во јужниот град Кан Јунис, изјавија очевидци.

Сѐ уште нема информации за повредени.

Нападите се последното израелско кршење на договорот за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници што стапи на сила на 19 јануари, со што беше запрена бруталната војна во Израел, во која се убиени над 48.400 Палестинци, повеќето жени и деца, и која ја остави енклавата во урнатини.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговата воена офанзива.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски се наметнува за нов лидер на СДСМ

Следно

Барселона одби 100 милиони евра за Рафиња и му нуди нов договор

Latest from Blog

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Гризман продолжува во МЛС и ќе игра за Орландо

фото: rubén (X) Ветеранот Антоан Гризман, и дефинитивно се сели во САД. Некогашниот репрезентативец на Франција ќе ги искористи овие неколку слободни денови, и ќе замине преку Атлантикот за да го комплетира

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за
Go toTop