Израелската војска соопшти дека уште 3 војници загинале во борбите во северниот дел на Газа

December 27, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската војска утрово објави дека уште тројца војници загинале во судирите во северниот дел на Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Во соопштението пренесено од онлајн весникот „Тајмс оф Израел“, израелската војска ги идентификувала тројцата војници како поручник Јарон Елиезер Читис (23), заменик-командант во армиската Бригада Гивати, водник прва класа Итај Батон (20) и Ефраим Џекман (21), и двајцата од Бригадата Гивати.

Во претходното соопштение, израелската војска соопшти дека во Газа загинати се пет војници, меѓу кои и команданти, и дека повредени се 43 војници, од кои девет се во тешка состојба.

Вкупно 164 израелски војници се загинати во Газа од почетокот на израелската копнена операција во енклавата на 27 октомври.

Бројот на загинати од редовите на израелската војска од почетокот на израелските напади врз Газа на 7 октомври порасна на 491.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, при што според палестинските здравствени власти, загинати се најмалку 20.915 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се 54.918.

Се смета дека во нападот на Хамас загинати се околу 1.200 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Виз Ер времено прекинува два лета од Скопје

Следно

Народниот правобранител ќе ги презентира состојбите со човековите слободи и права во 2023 година

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop