Израелската војска продолжува со нападите на југот и северот на Појасот Газа

December 26, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската војска соопшти дека во последните 24 часа бомбардирала повеќе од 100 локации во Појасот Газа, пренесува Анадолу.

И покрај повиците од светот за прекин на огнот, Израел продолжува со нападите на Појасот Газа.

Израелската војска, која изведе копнени напади на јужните делови на Хан Јунис, како и на северот на Појасот Газа, продолжува да го бомбардира тоа подрачје.

Тврдат дека се погодени локации на Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на палестинското движење Хамас.

– Израелски напади на Појасот Газа

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

На 24 ноември, во 07:00 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.

На 1 декември, по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 20.674 Палестинци, главно жени и деца, а ранети се повеќе од 54.536 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Од убиените најмалку 8.200 се деца, a 6.200 се жени, при што околу 2 милиона луѓе се раселени во густо населената палестинска енклава поради недостиг на храна и чиста вода.

Во заробеништво сѐ уште се наоѓаат 130 Израелци. Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Само вчера 139 сообраќајни санкции изречени во Скопје

Следно

Завршни зборови за „Беса Транс“ на 17 јануари 

Latest from Blog

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop