Израелската војска продолжува со нападите на Газа

October 16, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската војска продолжува да бомбардира делови од Појасот Газа, додека палестинската енклава се соочува со хуманитарна криза, пренесува Анадолу.

Очевидците изјавија дека голем број луѓе загинале, а припадници на екипите на цивилна заштита и на итна помош се ранети додека се обидувале да се пробијат до улицата Ал-Џала во Газа за да ги спасат повредените.

Животот го загуби една жена, а шест деца се ранети во израелското бомбардирање на подрачјето Кизан ан-Наџар во Кан Јунис, јужно од градот Газа, изјавија медицински извори.

Израелската војска започна интензивни напади врз Зајтун и Шуџаја, источни квартови на градот Газа, како и врз неговите северозападни делови, изјави очевидец.

Бомбардиран е и квартот Ал-Туфах во североисточна Газа, каде што има човечки жртви.

Бомбардирани се и главните патишта во Појасот Газа.

Најмалку 2.670 лица загинаа во израелските напади на блокираниот палестински Појас Газа од 7 октомври досега.

Во израелските напади на Газа ранети се најмалку 9.600 Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Живо џабе: Во ресторанот во Владата, чорба за 60 денари, свинска вешалица за 130, штрудла и тулумба за 30

Следно

Ковачевски-Вархеји: Северна Македонија треба што поскоро да е дел од ЕУ

Latest from Blog

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop