Израелската војска погоди над 400 цели во Газа последните 24 часа

December 2, 2023
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) – Израелската војска објави дека во последните 24 часа погодила повеќе од 400 цели во блокираниот Појас Газа, известува Анадолу.

Во соопштението на израелската војска се наведува дека Хамас во петокот ја прекршил хуманитарната пауза и „израелските одбранбени сили како одговор на тоа ја продолжиле борбата.“

Војската објави дека „погодила повеќе од 50 цели во подрачјето на Хан Јунис“.

„Авиони на израелското воено воздухопловство го погоди оперативниот центар на Исламскиот џихад во џамија“, тврди израелската војска, додавајќи дека „трупите на израелската морнарица гаѓале воени цели на Хамасовите поморски сили.“

Израелската војска на 1-ви декември (петок) продолжи со интензивни напади низ Појасот Газа по завршувањето на хуманитарната пауза. Според податоците на Министерството за здравство на Газа, истиот ден се убиени 178 Палестинци, а 589 се ранети.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7. октомври.

Оттогаш се убиени повеќе од 15.000 Палестинци, од кои 6.150 деца и над 4.000 жени, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибаловиот протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (IDF) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Случај „Непобедливи дивоградби на Пластичарска”: Инспекторатот вели дека Општината го саботирала рушењето, за Центар тоа се несериозни тврдења

Следно

Загина 63-годишен велосипедист од Кичево откако камион удрил во него!

Latest from Blog

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само

Милан има нов напаѓач

Екипата на Милан успеа да го обезбеди на позајмица во моментов играчот на англискиот Вест Хем, германскиот интернационалец, Никлас Филкруг. Договорот, е сите трошоци на име на плата на напаѓачот да ги
Go toTop