Израелската војска побара евакуација на болницата Ал-Кудс во Газа

October 14, 2023
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската војска ѝ даде рок на палестинската Црвена полумесечина да ја евакуира болницата Ал Кудс во блокираниот Појас Газа денеска до 16 часот по локално време, јавува Анадолу.

Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се наведува дека израелската војска прво предупредила дека болницата Ал Кудс во Газа треба да биде евакуирана до 6 часот наутро, а потоа испратила нова порака, давајќи рок до 16 часот по локално време.

Палестинската Црвена полумесечина нагласи дека повеќе пациенти се на интензивна нега во таа болница.

„Бебињата се во инкубатори, а стотици цивили се засолнети таму. Евакуацијата не е можна“, се наведува во соопштението на палестинската Црвена полумесечина.

Се додава дека десетици илјади Палестинци одбиваат да ги напуштат своите домови во северниот дел на Газа поради израелските напади.

Црвената полумесечина на Палестина ги повика светските лидери, меѓународната заедница и Обединетите нации (ОН) да ја запрат одлуката на Израел за евакуирање на болницата и да интервенираат за да се осигура безбедноста на таа установа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Целосно нов мост во центарот на Штип

Следно

(ВИДЕО) Дивоградбата посилна од двајца градоначалници

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop