Израелската војска отвори оган врз цивилите кои се враќаа кон северна Газа, еден загинат, повеќемина ранети

November 24, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Во време кога на сила е хуманитарната пауза во Газа, едно лице загина, а голем број се ранети откако израелската армија пукаше врз Палестинците кои се обидуваа да се вратат во северните делови на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Според очевидците, израелската армија пукала врз раселените Палестинци кои се обидувале од јужните делови на Појасот Газа да се вратат во градот Газа и северните подрачја.

Според информациите добиени од здравствените извори, како последица на отворениот оган од израелските војници едно лице загинало, а голем број се ранети, од кои повеќето во нозете.

Ранетите со возила на брза помош биле пренесени во болницата „Загинати херои на Акса“ во градот Дејр ал Балах.

– Најновата состојба со израелската окупација на Газа –

Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, започнаа сеопфатен напад утрото на 7 октомври, со образложение дека тоа е „реакција на израелските континуирани прекршувања на правата на Палестинците и нивните свети вредности, особено на Ал Акса“, по што израелската војска почна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници.

Во нападите од 7 октомври досега во Израел загинале 1.200 Израелци, меѓу кои повеќе од 310 војници, а 5.132 лица се повредени.

Според информации од израелската армија, од 7 октомври досега 70 израелски војници ги загубиле животите во судирите во Газа, а шестмина на границата со Либан.

Израел објави дека во рацете на Бригадите Ал-Касам има 239 израелски заробеници.

Владата во Газа соопшти дека во израелските бомбардирања на Појасот Газа од 7 октомври досега се убиени 14.854 Палестинци, меѓу кои повеќе од 6.150 се деца, а над 4.000 се жени.

Од 7 октомври досега 230 Палестинци ги загубија животите во нападите на израелските сили и еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег и во Кудс (Ерусалим).

За да ги принудат на евакуација, израелската армија бомбардираше десетици болници во Газа, каде што се засолнија десетици илјади повредени и раселени цивили. Војската упадна во некои болници. Во израелските напади загинаа и беа повредени стотици луѓе.

Во судирите меѓу израелската армија и Хезболах на границата на 8 октомври загинаа 85 припадници на Хезболах.

Договорот меѓу Израел и Хамас, кој обезбеди хуманитарна пауза во конфликтот, стапи на сила денес, петок, 24 ноември, во 06:00 часот по средноевропско време. Според договорот, ќе има четиридневна хуманитарна пауза меѓу завојуваните страни. Во замена за 50 израелски заробеници што ги држи Хамас ќе бидат ослободени 150 Палестинци од израелските затвори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ЕУЛЕКС распореди специјализиран тим на северот на Косово

Следно

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од техничка влада, само ДУИ да нема технички премиер

Latest from Blog

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop