Израелската војска го проширува упадот во Рафа, напредува во Централна Газа

June 5, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската војска денес го прошири својот упад во Рафа во најјужниот дел на Појасот Газа и напредуваше кон источните подрачја на бегалските кампови Ал-Бурејџ и Ал-Магази, во централниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

На дописникот на Агенција Анадолу очевидци му го потврдија напредувањето на израелските воени возила кон подрачјето „Источна гаража“ и во близина на џамијата Ал-Авда во центарот на Рафа.

Тие додадоа дека напредувањето на израелската војска доаѓа при силно израелско артилериско гранатирање на Рафа.

Репортерот на Анадолу наведе дека во Кан Јунис израелската војска извршила упад во градот Ал-Карара, на истокот на Кан Јунис.

Во централниот дел на Појасот Газа израелската војска изврши ограничен упад кон источните подрачја на бегалските кампови Ал-Бурејџ и Ал-Магази под силно артилериско гранатирање на тоа подрачје, при што загинаа многу Палестинци.

Министерството за здравство допрва треба да го потврди бројот на настрадани во таа област.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива против Појасот Газа и покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, во Газа се убиени над 36.500 Палестинци, огромно мнозинство жени и деца, а речиси 83.000 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Рекордно високи температури измерени во Грција

Следно

Студентите зборуваат меѓу себе, ама не ја пријавуваат корупцијата

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop