Израелската војска го нападна Иран – Техеран е главна мета

October 26, 2024
1 min read

Израелската војска рано утрово изврши напади врз воени цели во Иран, како одговор на нападите од Техеран што се случија на почетокот на месецот. Ова е првпат израелската војска отворено да го нападне Иран. 

 

„Нападите се одговор на континуираните напади на режимот во Иран врз државата Израел. Режимот во Иран и неговите приврзаници во регионот безмилосно го напаѓаат Израел од 7 октомври на седум фронта вклучително и директни напади од иран. Како и секоја друга суверена држава во светот, државата Израел има право и должност да одговори. Нашите одбранбени и офанзивни способности се целосно мобилизирани. Ќе направиме се што е потребно за да ја одбраниме државата Израел и израелскиот народ“, соопшти Израелска армија. 

Американските и израелските власти соопштија дека првиот бран ги таргетирал иранските системи за противвоздушна одбрана, додека вториот и третиот цел биле базите за ракетни и беспилотни летала, како и фабриките за оружје. Белата куќа соопшти дека Израел има право на самоодбрана. Вашингтон го повика Иран да не возвраќа на последните израелски напади. 

 

„Ако Иран одлучи повторно да одговори, ние ќе бидеме подготвени и повторно ќе има последици за Иран“, соопштија од Белата куќа.

Порпаролот на израелската армија Даниел Хагари го предупреди Иран од понатамошна ескалација и рече дека ако режимот на Иран направи грешка да почне нова рунда на напади, ќе бидат обврзани да одговорат. 

„Нашата порака е јасна, сите оние што и се закануваат на државата Израел и се обидуваат да го вовлечат регионот во поширока ескалација – ќе платат висока цена“, рече Даниел Хагари, портпарол на израелската армија. 

Иранската државна телевизија информира дека неколку силни експлозии се слушнале околу Техеран, со што се претставува дека мета на нападите е токму главниот град. Нападот ризикува да ги притисне непријателите поблиску до сеопфатна војна во време на зголемено насилство на Блискиот Исток, каде што милитантните групи поддржани од Иран, вклучувајќи ги и Хамас во Газа и Хезболах во Либан, веќе се во војна со Израел.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ испроектирале траса кон Блаце на која потоа се купувале имоти

Следно

Се судрија „поло“ и „сеат“, возачите со тешки повреди се во болница

Latest from Blog

Во руски напади врз Украина убиени најмалку седум лица, прекинато снабдувањето со енергија

Обвинителството во источниот регион Доњецк соопшти дека тројца браќа на возраст меѓу 8 и 19 години биле убиени синоќа во гранатирање во градот Краматорск. Нивната мајка и баба исто така биле повредени

Вандализиран автомобил во Скопје

Возило од моделот Фиат 500 бил вандализиран на паркинг во скопската населба Тафталиџе. Од фотографиите што кружат по социјалните мрежи се гледа како автомобилот е ишаран со спреј каде се напишани погрдни
Go toTop