Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од повеќе области во Појасот Газа

May 11, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската војска денес издаде повеќе наредби за евакуација на различни области во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Портпаролот на војската, Авичај Адраи, преку соопштение упати „повик до сите жители и раселени лица во подрачјаето на Џабалија и населбите Ал-Салам, Ал-Нур, Тал Ал-Затар, проектот Беит Лахиа, кампот Џабалија, Езбет Млин, Ал- Равда, Ал-Нузха, Ал-Џарн, Ал-Нахда и Ал-Зухур“ во северниот дел на Појасот Газа, барајќи тие „веднаш да одат во засолништата во западниот дел на градот Газа“.

Армијата, исто така, побара евакуација на некои населби во источна Рафа, град во јужниот дел на Газа, каде што ги прошири операциите.

Тој повика луѓето од „населбите во источна Рафа … конкретно камповите во Рафа и Шабура, и населбите Ал-Адари, Ал-Џенеина и Кирбат Ал-Адас во блоковите 6-9, 17, 25-27, 31“ да „се упатат кон проширената хуманитарна зона во Ал-Маваси“.

Војската претходно нареди 100.000 раселени палестински жители од Рафа да се евакуираат во Ал-Маваси пред започнувањето на инвазијата.

Неколку земји го предупредија Израел да не спроведе воена операција во Рафа, во која се засолнети најмалку 1,4 милиони раселени Палестинци.

Во израелските напади врз Појасот Газа, кои започнаа како одмазда за нападот на Хамас на 7 октомври, досега загинаа речиси 35.000 Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Правилото “2-2-2“ може да ви помогне да го зачувате бракот и да ја зајакнете вашата врска

Следно

ВО НЕГОВ СТИЛ: Еве како Новак Ѓоковиќ се појави по вчерашниот несреќен случај каде беше погоден со шише во главата, денес нема да може да го „повредат“

Latest from Blog

„Редовно се исплаќаат субвенциите на земјоделците“, истакна Трипуновски

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство вечерва во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 демантираше дека на земјоделците им се должат 100 милиони евра. „Не знам од каде калкулациите дека се должат 100 милиони

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник
Go toTop