Израелската војна го претвори градот Беит Лахија во урнатини

January 31, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Градот Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа, од кој се повлече израелската армија, е претворен во урнатини по месеци интензивно бомбардирање и судири, јавува Анадолу.

Обемната штета, особено околу болницата „Камал Адван“ и нејзината околина, беше снимена со камера на 3 јануари кога израелските сили се повлекоа од оваа област.

На 27 декември, по повторните напади, израелските сили извршија рација во „Камал Адван“ во северна Газа, го запалија и сериозно го оштетија објектот, поради што болницата мораше да прекине со работа.

Палестинскиот доктор Хусам Абу Сафија, директор на болницата, беше уапсен заедно со десетици медицински работници.

Според палестински извори, околу 350 луѓе што се наоѓале во болницата, вклучително и голем дел од медицинскиот персонал, биле уапсени од израелската армија и се наоѓаат во затвори.

Неколку меѓународни организации за човекови права, меѓу кои британската хуманитарна организација „Медицинска помош за Палестинците“ и американската организација „Доктори против геноцидот“, побараа итна акција за заштита на здравствените работници во Газа и итно ослободување на Абу Сафија и другите медицински работници.

На 19 јануари стапи на сила договор за прекин на огнот и размена на затвореници помеѓу Хамас и Израел, кој во првата фаза ќе трае 42 дена, а ќе продолжат преговорите за следните фази на договорот.

За договорот посредуваа Египет и Катар, со поддршка од САД.

Во израелската геноцидна војна, која започна на 7 октомври 2023 година, се убиени повеќе од 47.400 Палестинци, од кои повеќето се жени и деца, а повредени се над 111.000. Повеќе од 11.000 луѓе се исчезнати.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид во Меѓународниот суд на правдата поради војната во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сочувство од министерот за правда Филков до семејството на прерано загинатата Фросина Кулакова

Следно

Карабатиќ: Една од подобрите атмосфери во кои сум играл, Хрватска може се’ да им направи на Данците

Latest from Blog

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите
Go toTop