„Израелската влада ‘во состојба на крајно лудило’ неселективно ги масакрира Палестинците“

April 18, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање на состанокот на парламентарната група за поддршка на Палестина истакна: „Израелската влада ‘во состојба на крајно лудило’ неселективно ги масакрира Палестинците“, известува Анадолу.

Во својот говор претседателот Ердоган зборувајќи за страдањата на Палестинците истакна дека одбраната на палестинската кауза не е само одбрана на угнетените луѓе, туку и одбрана на човештвото, мирот и правдата.

„Палестинската кауза е борба за достоинство од луѓе кои речиси еден век биле подложени на сите форми на угнетување, варварство и масакр. Нашите браќа и сестри во Газа од 7 октомври 2023 се жртви на еден од најголемите акти на разбојништво во изминатиот век. Израелската влада ‘во состојба на крајно лудило’ неселективно ги масакрира Палестинците“ истакна претседателот Еродган.

Осврнувајќи се кон глобалното однесување во светот кон настаните во Газа, турскиот претседател рече:

„Се убиваат новинари во Газа, глобалните медиуми гледаат, се убиваат и деца, а поборниците за човекови права стојат на страна и молчат. 18 месеци замижуваат пред израелските масакри и оние кои долго време проповедаа слобода, човекови права и слобода на печатот.“

Претседателот Ердоган повлече дена глобалниот поредок кој не стои покрај угнетените е осуден да стане алатка на угнетувачите и додаде дека западните земји воведуваат санкции за најмал инцидент, но се прашува каде се тие сега кога станува збор за Израел?

„Жени и деца се огромно мнозинство од речиси 60.000 Палестинци „брутално“ убиени од страна на Израел. Меѓународното право стана алатка, не за воспоставување правда, туку за моќните да имаат уште поголема моќ“, рече Ердоган зборувајќи за масакрот што Израел го врши врз Палестинците во Појасот Газа.

Тој се осврна и на односот на исламските земји кон војната во Газа, велејќи „Го кажувам ова со жалење и рането срце. За жал, исламскиот свет, исто така, не успеа да го исполни она што се очекуваше од него за Газа.“

Зборувајќи за начинот на кој се пренесуваат информациите за израелската војна во светот, претседателот Ердоган истакна:

„Гледаме дека оние кои молчат додека се убиваат Палестинците, се обидуваат да го нормализираат геноцидот што Израел го спроведува во Газа така што отпорот на Палестинците го етикетираат како тероризам.“

Тој рече дека Израел се однесува како одметничка организација и предупреди дека не може да се обезбеди сопствената безбедност со дестабилизација на соседите, посочувајќи на обидите на Израел за дестабилизација на Сирија и Јемен.

Ердоган им се обрати и на Израелците кои како општество претрпеа геноцид пред 75 години, повикувајќи ги да го кренат својот глас против масакрите во Газа и да им кажат „стоп“ на своите водачи.

За односот на Туркије кон предлозите кои би ставиле крај на изралеско-палестинската војна, Ердоган рече:„Без разлика како е спакуван, секој предлог што сака да ги протера Палестинците од земјата на која живеат илјадници години нема никаква вредност за нас.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешен јуниор на Манчестер Јунајтед почина на 36 години

Следно

МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop