Израелската Влада донесе одлука да го продолжи нападот врз Рафа

May 7, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека израелската Влада на денешната седница едногласно одлучила да го продолжи нападот врз Рафа, град на југот на Појасот Газа, во кој се сместени околу 1,5 милион раселени Палестинци, јавува Анадолу.

Ова соопштение е објавено и покрај тоа што челникот на Хамас, Исмаил Ханије, денес соопшти дека ова палестинско движење го прифаќа предлогот за прекин на огнот и размена на затворениците што го донесоа посредниците од Катар и Египет.

„Продолжувањето на нападот има цел да ги ослободи израелските затвореници и да ги постигне воените цели“, се вели во соопштението од Кабинетот на Нетанјаху.

Очевидци јавуваат дека израелските воздушни и артилериски сили извршиле силни напади врз источните делови на Рафа и го зајакнуваат военото присуство на границата.

За предлогот за прекин на огнот во Газа што го прифати Хамас, од Кабинетот на Нетанјаху велат дека тоа е далеку од барањето на Израел, но дека се подготвени да пратат делегација во Каиро за да преговара за размена на заробеници.

Шефот на Политичкото биро на движењето Хамас, Исмаил Ханије, денес соопшти дека ги информирал претставниците на Катар и Египет дека ги прифатил предлозите за договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Соопштението е објавено откако израелските сили издадоа наредба за евакуација на Палестинците во источните населби на градот Рафа, потег што нашироко се смета за увертира за почеток на долготраен израелски копнен напад врз градот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Следно

Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин

Latest from Blog

Валверде после тепачката заминува во Премиер-лига?

фото: Elite Futbol Talk | EFT (X) Манчестер Јунајтед размислува за изненадувачки трансфер за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, чија иднина во шпанската престолнина стана многу неизвесна. Уругвајскиот

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри
Go toTop