Израелската Армија уби 40 Палестинци во напад врз јужниот дел на Газа

October 2, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 40 Палестинци се убиени во напад на израелската Армија рано утринава во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Медицински извор од Европската болница во Газа за Анадолу изјави дека 32 Палестинци кои биле убиени во израелското гранатирање на домовите на Палестинците во областите во источниот дел на градот Хан Јунис, биле донесени во болницата.

Друг извор од медицинскиот комплекс Насер за Анадолу изјави дека осум жртви биле извлечени од урнатините на домовите кои биле погодени.

Продолжуваат напорите за спасување на другите кои сѐ уште се водат како исчезнати, додаде изворот.

Очевидци за Анадолу изјавија дека израелската Армија извршила ненадеен упад во зори во источниот дел на Хан Јунис, отворајќи директен оган кон палестинските домови.

Израелските сили ги спречија спасувачките екипи и амбулантните возила да стигнат до погодените домови, јави дописникот на Анадолу од теренот.

Ненадејната израелска рација поттикна стотици Палестинци да ги напуштат своите домови, додаваат очевидците.

Десетици домови, земјоделски површини и инфраструктура беа сериозно оштетени по нападот, по што Армијата се повлече од областа.

Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас минатиот 7 октомври, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот.

Повеќе од 41.600 луѓе оттогаш се убиени, главно жени и деца, а над 96.400 други се повредени, според локалните здравствени власти.

Израелскиот напад го расели речиси целото население на територијата поради тековната блокада што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со обвинувања за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче и СДСМ безидејни- критикуваат, а не даваат решенија

Следно

Македонската јуниорска таеквондо репрезентација ќе настапи со четворица репрезентативци на светското јуниорско првенство во Чунчеон во Кореа

Latest from Blog

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу
Go toTop