Израелската армија тврди дека убила еден од лидерите на Хамас во Јужен Либан

April 4, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската армија денес потврди дека го убила Хасан Фархат, командант на Западниот сектор на Хамас во Либан, во воздушниот напад врз градот Сидон во јужниот дел на Либан, јавува Анадолу.

Според портпаролот на израелската армија, Авичај Адраи, нападот, кој се случил синоќа, бил насочен кон Фархат, кој беше обвинет дека „организирал неколку напади против израелските сили“.

Фархат, според наводите, бил одговорен за „извршување ракетни напади кон израелскиот град Сафед на 14 февруари 2024 година, при што загина еден војник и неколкумина се повредени“, додаде тој.

Либанската национална новинска агенција објави дека во „израелскиот воздушен напад врз стан во Сидон рано утринава биле убиени три лица“, без да даде дополнителни детали.

Во ноември во Либан стапи на сила прекинот на огнот, со што се стави крај на повеќемесечната прекугранична војна меѓу Израел и Хезболах, која ескалираше во целосен конфликт во септември минатата година.

Либанските власти објавија за повеќе од 1.364 израелски прекршувања на прекинот на огнот, вклучително најмалку 117 жртви и повеќе од 363 повредени.

Според договорот за прекин на огнот, Израел требаше целосно да се повлече од Јужен Либан до 26 јануари, но рокот беше продолжен до 18 февруари откако тој одби да го исполни. Сè уште има воено присуство на пет гранични пункта.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина Александар Карадаковски управителот на дискотеката „Пулс“ кој се лекуваше во Литванија

Следно

УЕФА има рекордни приходи

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на

Американски воени бродови се распоредија на Хаити

Американските бродови „УСС Стокдејл“ (USS Stockdale), „УСЦГЦ Стоун“ (USCGC Stone) и „УСЦГЦ Дилиџенс“ впловија во заливот Порт-о-Пренс за да „ја одразат непоколебливата посветеност на САД на безбедноста, стабилноста и посветлата иднина на

Попладнево нова блокада на патот Битола-Ресен

Патниот сообраќај на магистралниот пат А3 Битола – Ресен над населбата Баир во Битола од 14:30 часот е во прекин бидејќи во тек е јавен собир, информира попладнево Авто-мото сојуз на Македонија.

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Јавниот превоз беше една од темите на советнички прашања во Советот на Град Скопје. „Во ноември 2025 ветивте дека во март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови

Проданоски со планови за целосна реконструкција на пазарот во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска, на пазарен ден, заедно со директорот на ЈКП „Пазари“, изврши обиколка на градскиот пазар и оствари директни разговори со сограѓаните и пазарџиите. Градскиот пазар во
Go toTop