Израелската армија спроведува неколку рации низ Западниот Брег

March 5, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската армија денес изврши неколку рации низ окупираниот Западен Брег, при што приведе голем број Палестинци и демолираше палестински дом, јавува Анадолу.

Очевидци за Анадолу изјавија дека израелската армија извршила рација во градот Кафр Дан, во близина на градовите Џенин и Тулкарем, на северниот дел на Западниот Брег. Други рации беа пријавени и во бегалскиот камп Акбат Џабр во градот Ерихон, источниот Западен Брег и во селото Кобар, во близина на Рамала, централниот Западен Брег.

Израелската армија упадна во неколку дома во бегалскиот камп Акбат Џабр и се судри со палестински вооружени луѓе во кампот, додаваат тие.

Во градот Кафр Дан булдожерите на израелската армија го демолираа домот на палестинскиот затвореник Абдула Масад, кој е обвинет од израелските власти за помагање во нападот против израелските доселеници во кој загинаа тројца доселеници во април минатата година.

Израелската армија приведе неколку Палестинци од селото Кобар, вклучително и сопругата и сестрата на Наел ал-Баргути, палестински затвореник со најдолг стаж во израелските затвори.

Тензиите низ Западниот Брег се зголемени откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Повеќе од 410 Палестинци од Западниот Брег се убиени од страна на израелските сили и доселеници од 7 октомври, а над 4.600 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Со нов закон Грција воведува ред на плажите за нелегално поставените лежалки и маси

Следно

(ВИДЕО) Снежен бран го зафати Пакистан, загинати најмалку 35 лица

Latest from Blog

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието
Go toTop