Израелската армија приведе 16 Палестинци во рации на Западниот Брег и Источен Ерусалим

July 13, 2025
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската армија приведе најмалку 16 Палестинци во рации врз домови во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, известува Анадолу.

Според информациите што ги објави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, израелските војници утрово извршија рации врз неколку домови во градот Марда, во градот Селфит на Западниот Брег.

За време на рациите, израелските војници ги тепале Палестинците и привеле тројца.

Израелската армија изврши рации и врз палестински домови во Наблус.

Тројца Палестинци се приведени од израелските војници во рациите во Наблус, а еден во бегалскиот камп Балата.

Израелската армија изврши рации и врз домови во местото Кубатија, во градот Џенин, приведувајќи четворица Палестинци.

Двајца млади Палестинци се приведени од страна на израелските војници и во рациите спроведени во местото ал-Мазра во Рамала.

Во рација во Витлеем приведено е едно лице од израелските сили, а друг Палестинец е приведен и во Хеброн.

Од друга страна, во рација на израелските разузнавачки сили го приведоа Арафат Наџиб, доброволен чувар на џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим.

Пред неколку дена, израелската влада донела одлука Арафат Наџиб „да биде отстранет од џамијата Ал-Акса шест месеци“.

Откако Израел ја започна својата офанзива врз Појасот Газа на 7 октомври 2023 година, има зголемување на приведувања, рации и напади врз Палестинците во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.

Од 7 октомври 2023 година, најмалку 993 Палестинци се убиени, а приближно 7.000 се повредени во рациите во Западниот Брег и во Источен Ерусалим.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СВР Битола ги расчисти околностите за тројното убиство во Прилеп

Следно

Подметнувач на пожар во делчевско снимен на надзорна камера

Latest from Blog

Коњановски пресече по неуспехот на ФК Пелистер: Следува ревизија и нов почеток за клубот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, се огласи по поразот на ФК Пелистер во Кавадарци и испаѓањето на клубот во Втората македонска фудбалска лига, оценувајќи дека станува збор за тежок ден за спортот

Коњановски најави целосни промени во Пелистер

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, соопшти дека ја прифаќа оставката на управувачката структура на ФК Пелистер, техничкиот директор и стручниот штаб, по поразот на клубот во Кавадарци и испаѓањето во Втората лига.

Централното собрание на ВЛЕН расправаше за владините реформи и партиските приоритети

Централното собрание на ВЛЕН денеска ја одржа првата седница по формирањето на партијата, на која се разговараше за актуелните политички случувања, приоритетите за наредниот период и чекорите за натамошно зајакнување на партиската

Познато е кога и каде ќе се игра Суперкупот меѓу ПСЖ и Астон Вила (ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Европската сезона заврши со финалето на Лигата на шампионите, кое го доби ПСЖ по изведувањето на пенали против Арсенал. Парижаните ќе се сретнат со друг англиски тим, Астон Вила, во Европскиот

Николоски на терен: Во Могила градиме улици, канализациони и водоводни системи, спортски комплекс и градинка

Во Општина Могила во тек е значителен инвестициски циклус вреден околу 700.000 евра, преку кој се реализирани и се подготвуваат повеќе инфраструктурни проекти финансирани од општинскиот буџет, државниот буџет и преку програмите
Go toTop