Израелската Армија: Од 7 октомври ранети се 2.324 израелски офицери и војници

January 5, 2024
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Најмалку 15 израелски војници се повредени во изминатите 24 часа за време на копнените борби во Појасот Газа, соопшти Армијата денес, јавува Анадолу.

„Бројот на ранети офицери и војници од почетокот на војната на 7 октомври се зголеми на 2.324“, соопшти израелската Армија.

Овие бројки не ги вклучуваат војниците кои се рутински евакуирани и оние кои се лекуваат, но не се однесени во болница, се вели во соопштението на Армијата.

Бројот на војници и офицери повредени во копнените борби во Појасот Газа се искачи на 1.020 денес, од 1.006 вчера.

Меѓу повредените во борбите во Појасот Газа, 226 се во тешка состојба, 372 се во умерено тешка состојба, а 422 се здобиле со полесни повреди.

Израелската Армија соопшти дека од 7 октомври, кога почнаа нападите врз Појасот Газа, загинале 509 израелски војници, од кои 175 за време на копнената офанзива.

Според податоците на здравствените власти во Појасот Газа, најмалку 22.600 Палестинци се убиени од 7 октомври, а 57.910 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кошкање има во секоја фирма, се работи за личен конфликт – вели директорот Хамиди за упадот во М-НАВ

Следно

Тасевски доби поддршка и од делегацијата на ЕУ: На 10 јануари ќе го затвориме небото над Македонија ако не се постапи по нашите барања

Latest from Blog

Според “Марка“: Флик го убедил Бастони за трансфер во Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Сега веќе и дефинитивно Алесандро Бастони, ја отвори вратата за можен трансфер во Барселона за време на претстојниот летен преоден рок. Според информациите од шпанското издание „Марка“, дефанзивецот на Интер е

Туфегџиќ: Не е логично обвинител да продолжи да постапува по предмети од друго обвинителство

Скопје, март 2026 – Владимир Туфегџиќ, адвокат и поранешен судија, на социјалните мрежи оцени дека реакциите околу тоа кој обвинител ќе постапува по одредени предмети се пренагласени. Тој нагласува дека е сосема

Проданоски оствари средба со словенечкиот амбасадор за зајакнување на соработката

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. На средбата се разговараше за продлабочување на досегашната успешна соработка и за иницијативата за
Go toTop