Израелска војска: Болницата во Газа беше цел на Исламски џихад, имаме докази

October 18, 2023
1 min read

Нападот на болницата во која многу жители на Газа се засолниле бегајќи од израелското бомбардирање, предизвика бурни реакции ширум светот, особено во арапскиот свет, а протести се организираа и пред израелските амбасади во Турција и Јордан и во близина на американската амбасада во Либан, каде безбедносните сили употребија солзавец кон демонстрантите

Стотици загинати во израелски напад врз болница во Газа, соопштија палестинските власти, Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Војската на Израел објави дека „по блиска проверка на системите за надзор“, утврдиле дека не бил израелски оган, туку ракети на Исламски џихад кои ја погодиле болницата во Газа во вторникот вечерта, при што, според палестинските тврдења, загинале стотици луѓе.

„Сега имаме доволно информации, требаше време, но мораме да ја кажеме вистината, болницата не беше погодена од израелски удари. Во следните часови ќе обезбедиме докази за нашите тврдења“,

изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската армија на синоќешниот брифинг со новинарите.

Тој додаде дека во моментот на пукањето, не вршеле никакви воздушни операции во близина на болницата и дека ракетите што ја погодиле зградата не се совпаѓале со нивните. Хагари посочи и дека војската ќе објави „разговори на арапски што покажуваат дека виновникот за нападот е исламски Џихад“.

Исламски џихад: Ова е лага и измислица

Дауд Шехаб, портпарол на Исламскиот џихад, изјавил за Ројтерс:

„Ова е лага и измислица, тоа е целосно лажно. Тие се обидуваат да го прикријат страшното злосторство и масакр што го извршија врз цивилите“.

Нападот на болницата во која многу жители на Газа се засолниле бегајќи од израелското бомбардирање, предизвика бурни реакции ширум светот, особено во арапскиот свет, а протести се организираа и пред израелските амбасади во Турција и Јордан и во близина на американската амбасада во Либан, каде безбедносните сили употребија солзавец кон демонстрантите.

„Стотици жртви се уште се во урнатините на болницата Ахли Арап во центарот на Газа, каде што загинаа од 200 до 300 луѓе“,

соопшти Министерството за здравство на палестинската територија под контрола на Хамас, кое го обвини Израел за пукањето.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој управува со палестинската територија на Западниот Брег, ја нарече експлозијата во болницата Ал Ахли „ужасен воен масакр“.

„Израел ги премина сите црвени линии“,

рече тој.

Експлозијата во болницата е најкрвавиот поединечен инцидент во Газа откако Израел започна серија бомбардирања како одмазда за нападот на Хамас врз јужните израелски заедници на 7 октомври, во кој загинаа 1 300 луѓе.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Дали власта ќе се охрабри на осми мај да се оди на двојни избори?

Следно

Израелската Армија соопшти дека бројот на загинати меѓу воениот персонал пораснал на 304

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop