Израелка ослободена при размена на заложници: Мојата мајка беше убиена од израелските сили

December 19, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелката, која Хамас ја зеде како заложник на 7 октомври и која е ослободена во последната размена на заложници, истакна дека како резултат на огнот што израелските сили го отвориле врз возилото во кое се наоѓале, починала нејзината мајка, а таа била повредена, пренесува Анадолу.

Во интервјуто што го емитуваше израелскиот телевизиски канал „Канал 12“, израелската заложничка ја раскажа операцијата на бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, на 7 октомври.

Таа рече дека борците на бригадата Касам ги качиле на камион, врз кој израелската војска почнала да пука.

„Мојата драга мајка беше убиена. Јас бев ранета во грбот, а брат ми беше ранет во ногата“, рече таа.

Израелскиот телевизиски канал тврди дека израелската армија „отворила оган за да запре трактор што се движел кон Газа“.

Израел го бомбардира Појасот Газа од воздух и од копно, воведе опсада и изврши копнена офанзива како одмазда за прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Во израелските напади, според здравствените власти на Газа, загинати се најмалку 19.453 Палестинци, претежно деца и жени, а 52.286 се повредени.

Според официјални податоци, бројот на загинати во Израел изнесува 1.200, а над 130 заложници сè уште се држат од палестинската група во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

„Ти избра да ставиш некаков конус со неколку сијалички и да се смешкаш и мислиш дека врне дур ние те плукаме“ – скопјанка ѝ се обрати на Арсовска

Следно

При претрес во струмичко, пронајдена е дрога и приведени се две лица

Latest from Blog

Зеленски: Германија и достави на Украина два противвоздушни системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во видео обраќање во Брисел објави дека Германија ѝ префрлила на Украина два противвоздушни системи „Патриот“. Тој го објави ова во видео обраќање до учесниците на Европскиот

На вештачката интелигенција најмногу ѝ оди полски: Англискиот е на 6. место

Иако полскиот јазик се смета за еден од најтешките јазици за луѓето, вештачката интелигенција го разбира изненадувачки добро, постигнувајќи просечна точност од 88% во завршувањето на задачите. Полскиот јазик се покажа како

Мицкоски: Малтретирањето на земјите со вето ги уништува вредностите на ЕУ

„Ако некој се осмели да малтретира некој друг што сака да се приклучи на клубот, зошто другите би молчеле?“, праша премиерот  Христијан Мицкоски на самитот за проширување организиран од Еуроњуз, осврнувајќи се

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред
Go toTop