Израел вели дека е „под оган“ додека Иран возвраќа

June 13, 2025
1 min read

ИНСТАНБУЛ (AA) – Одмаздата на Иран како одговор на израелските напади врз неговите нуклеарни и воени објекти започна вечерва, откако израелската војска соопшти дека идентификувала проектили испукани кон Израел, известува Анадолу.

„Иранскиот напад е во тек. Десетици проектили се истрелани кон Израел,“ објави израелската војска на платформата X.

„Целиот Израел е под оган додека Иран истрелува проектили,“ се наведува во друга објава.

Официјалната иранска телевизија ‘Прес TV’ објави дека Техеран ја започнал „Операција Вистинско ветување III“ против Израел, и дека проектили директно го погодиле Тел Авив.

Силни експлозии се слушале низ централниот дел на Израел кусо време по активирањето на сирените во областа, објавија израелските медиуми.

Израел започна воена операција врз Иран рано ова утро, таргетирајќи ирански нуклеарни и воени капацитети, при што беа убиени високи ирански воени команданти и научници. Нападите продолжија до вечерните часови. Во нападите беа погодени градовите низ Иран, меѓу кои и Техеран, Натанз, Тебриз и Исфахан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ објави нови 8 кандидати за градоначалници на локалните избори

Следно

Пожар на автопатот Скопје-Тетово – повреден 32-годишниот возач!

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop