Израел уби 52.243 Палестинци во нападите врз Појасот Газа од октомври 2023

April 27, 2025
1 min read

ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) – Палестинското Министерство за здравство во Газа објави писмено соопштение во кое ги сподели најновите информации за жртвите и повредените во тековните напади на Израел врз Газа, известува Анадолу.

Во соопштението се истакнува дека најмалку 51 лице се убиени, а 115 лица се повредени во последните 24 часа.

Министерство за здравство на палестинската енклава објави дека 2.151 Палестинец ги загубиле животите, а 5.598 се повредени во нападите извршени од израелската армија од 18 март, еднострано раскинувајќи го договорот за прекин на огнот и размената на заробениците договорен на 19 јануари во Газа.

Бројката на убиени Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 52.243, додека бројката на повредени се зголеми на 117.639.

Министерство за здравство објави дека под урнатините во Појасот Газа сè уште има илјадници мртви.

– 12 Палестинци се убиени во нападите на израелската армија врз Газа

Дванаесет Палестинци, меѓу кои има жени и деца, се убиени во нападите на израелската армија врз различните делови од Појасот Газа ова утро.

Очевидци изјавија дека израелските артилериски единици ги гранатирале квартовите Шуџаија, Зејтун и Туфах во градот Газа, во северниот дел на Појасот Газа.

Според информациите добиени од здравствени извори, 2 жени се убиени во артилерискиот напад врз областа Вади ал-Араис во квартот Шуџаија.

Три лица се убиени, а голем број се повредени во бомбардирањето на улицата Ел-Сика во квартот Зејтун.

Тројца Палестинци ги загубија животите во напад на израелската армија на квартот Туфах.

Палестинец е убиен во напад со беспилотно летало на бегалскиот камп Мегази во централниот дел на Појасот Газа.

– Израел ги таргетира рибарите и шаторите во Хан Јунис

Седумнаесетгодишно момче го загуби животот во израелското бомбардирање на градот Хуза, источно од градот Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

Израелски воени чамци пукале врз група рибари покрај брегот на Хан Јунис. Во нападот е убиен еден рибар.

Израелските воени беспилотни летала гранатирале шатор во областа Маваси, западно од Хан Јунис, во кој биле сместени раселени Палестинци. Во овој напад убиено е едно дете.

Очевидци информираа дека израелски хеликоптери интензивно и континуирано со часови пукаат врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали ги проверувате цените онлајн? Граѓаните очекуваат тоа да го прават институциите

Следно

Алекс Маркез ја освои ГН на Шпанија

Latest from Blog

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,

Премиерот Мицкоски утре на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“

Утре 10.02.2026 година (вторник) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е
Go toTop