Израел се брани и со данок

June 5, 2024
1 min read

Спомнатиот закон, меѓу другото, го овластува Секретарот за финансии да го укине статусот на непрофитни, невладини и слични организации ако оцени дека тие поддржуваат тероризам. А со укинување на таквиот статус, се губат сите можни даночни олеснувања за нив, што практично значи дека добар дел од тие организации ќе треба да затворат дуќан.

Греши оној кој мисли дека активна поддршка на тероризмот е ограничена на намерни, директни придонеси за терористичките групи. Постојните решенија се критикувани поради нивната преголема широчина и потенцијал за злоупотреба, не само против слободата на говорот, туку и против давателите на хуманитарна помош. Во неодамнешно писмо од 135 организации за човекови права кои се противат на нацрт-законот остро се критикува правото да се отповика статусот на даночна повластеност или на друг начин да се одмаздува за пропалестински ставови.

Видни политичари пред некое време бараа да се спроведе анти-терористичка истрага против Њујорк Тајмс, Ројтерс, Асошиетед прес… Причина? Откупиле фотографии од масакрот на Хамас од седми октомври од палестински фриленс фотограф. Објаснување? Фотографот мора да бил терорист на Хамас, инаку, како би знаел каде да биде тој ден?

Ова е само најновата епизода од илибералната легислатива за „национална безбедност“. Минатиот месец, претседателот Џо Бајден ги игнорираше застапниците за граѓански слободи и потпиша закон со кој ќе им овозможи на разузнавачките агенции да ангажираат кој било „давател на услуги“ да им помага на САД и да шпионира во нивно име. Тоа е посебно морничав Закон за кој предупреди Сноуден а ние пренесовме во „Сноуден: Државната шпионажа го презема интернетот

Види и:

Израел функционира како американски носач на авиони

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајдевски за ТВ 24: Ќе се кандидирам за претседател на СДСМ

Следно

Изгаснат пожарот во автобусот кој носеше деца на екскурзија кај Врњачка Бања

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop