Израел потпишa договори во вредност од 276 милиони долари за производство на тешки бомби

January 7, 2025
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израел потпиша два договори со локална компанија за купување оружје, вклучително и илјадници тешки бомби, поради геноцидната војна на Тел Авив врз Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Во денешното соопштение израелското Министерство за одбрана истакна дека двата договори со „Елбит Системи“ се со вредност од речиси 1 милијарда шекели (276 милиони долари).

„Елбит Системи“ е најголемиот израелски производител во воената индустрија, произведувајќи 85 отсто од копнената опрема на армијата и 85 отсто од беспилотните летала што ги користат нејзините воздушни сили.

Според првиот договор, „Елбит системи“ ќе произведе за Министерството за одбрана илјадници тешки бомби, се вели во соопштението.

Вториот договор вклучува формирање на „национална фабрика (…) за производство на суровини кои претходно биле набавени првенствено од странство пред војната“, се додава.

Новиот капацитет ќе има напредни производни линии за активни материјали што ги користи израелската одбранбена индустрија, соопшти Министерството.

Според израелските медиуми, армијата фрлила огромен број бомби врз Газа од почетокот на нејзината геноцидна војна на 7 октомври 2023 година.

Израел продолжува со геноцидната војна врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не одете по гости често деновиве – Детската клиника преполна, 120 деца се хоспитализирани со грип

Следно

Ердоган: Туркије придава значење на зачувувањето на стабилноста и безбедноста на Ирак

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која
Go toTop