Израел побара од жителите на Кан Јунис да се преселат во Рафа

December 1, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската армија денес ги предупреди жителите на источните области на градот Кан Јунис да се евакуираат во градот Рафа на јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Денес израелските авиони фрлија летоци врз источните градови Кан Јунис, јужно од Појасот Газа.

„До жителите на градовите Ал-Карара, Куза, Абасан и Бани Сухаила, мора веднаш да се евакуирате и да одите во засолништата во областа Рафа“, се вели во израелските летоци.

„Градот Кан Јунис е опасна борбена зона“, се додава.

Предупредувањето е издадено и покрај тоа што израелската армија ги интензивираше своите воздушни и артилериски напади врз Рафа веднаш по завршувањето на привремената хуманитарна пауза во Газа утринава.

Најмалку 32 Палестинци загинаа, а неколку други се повредени додека Израел продолжи со нападите врз различни области во Појасот Газа во рок од три часа по завршувањето на паузата, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Пред околу две недели израелската армија побара од жителите на областите источно од Кан Јунис да се евакуираат и таму почна со ограничени копнени упади.

Минатата недела израелската армија прати и СМС-пораки на телефоните на голем број жители во градот, во кои пишуваше: „Повик до жителите на Кан Јунис. Израелските одбранбени сили знаат дека во вашата област има киднапирани лица што сте ги скриле.“

„Знајте дека израелските одбранбени сили ќе го гонат секое лице што привело или држи киднапирани лица.“

Голем број израелски воени возила се стационирани на периферијата на Кан Јунис.

Хуманитарната пауза меѓу Израел и Хамас, која стапи на сила на 24 ноември, заврши утринава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Следно

Спасовски: Се преземаат опсежни мерки за пронаоѓање на Вања Ѓорчевска

Latest from Blog

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Колумбија денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, додека на површината бил најблиску

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но
Go toTop