Израел ослободи 32 Палестинци од Западниот Брег според договор за размена на заробеници

February 1, 2025
1 min read

РАМАЛА (АА) – Триесет и двајца Палестинци се ослободени од израелските затвори денес во четвртата серија според договорот за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас.

Ослободените затвореници од затворот Офер во близина на Рамала на централниот окупиран Западен Брег му се предадени на Меѓународниот Црвен крст во согласност со одредбите на договорот за прекин на огнот и размената на затвореници што стапи на сила на 19 јануари.

Стотици Палестинци се собраа во близина на Културната палата во Рамала за да ги пречекаат ослободените затвореници, веејќи палестински знамиња и скандирајќи во знак на поддршка на палестинскиот отпор и Газа, информираше дописникот на Анадолу.

И покрај претходните предупредувања од израелската армија, многу луѓе се собраа да им посакаат добредојде на затворениците, кои покажуваа „победнички симболи“ пркосејќи им израелските наредби.

Многумина од ослободените затвореници се чинеше дека се во лоша здравствена состојба и со изнемоштени тела, а некои од нив едвај можеа да се движат. Тие се пренесени во болниците во Рамала на медицински прегледи и лекување, нагласи дописникот на АА.

Претходно, бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, ослободија тројца Израелци, заробеници од Газа, и му ги предадоа на Црвениот крст.

Денес се очекува да бидат ослободени вкупно 183 Палестинци од израелските затвори, од кои 111 беа уапсени од израелската војска во Газа по 7 октомври 2023 година, соопшти Канцеларијата за информации за затвореници, управувана од Хамас.

Меѓу ослободените, 18 Палестинци издржувале доживотна казна, додека 54 одлежуваат долгорочни казни, соопшти канцеларијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Јавните здравствени установи ќе добијат Буџет поголем за 100 милиони евра

Следно

Аљоша Асановиќ на средба во ФФМ со Масар Омерагиќ и Ѓорги Христов

Latest from Blog

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките
Go toTop