Израел најави одмазда по ракетниот напад на Голанската висорамнина

July 29, 2024
1 min read

Хезболах ги евакуираше своите позиции во Либан, откако Израел се закани со одмазда за ракетниот напад врз анектираната Голанска висорамнина.

Нападот, во кој загинаа 12 лица, ги зголеми стравувањата од прошиирување на конфликтот, откако со месеци трае судирот меѓу израелските сили и палестински Хамас во Појасот Газа. Либанското шиитско движење Хезболах, кое веднаш по нападот, негираше дека ја истрелале ракетата која го погоди игралиштето во Мајдан Шамс, веќе се повлече од неколку позиции на јужниот и источниот дел на Либан кои би можеле да бидат цел.

Во прекуграничните престрелки кои се засилија од октомври, загинаа повеќе од 450 лица во Либан – од кои стотина цивили. Израел тврди дека 23 цивили и 17 војници се убиени во нападите на Хезболах. Во изминативе месеци престрелките беа релативно ограничени, Израел и Иран се обидуваа да избегнат директна конфронтација, но најновиот напад ги промени плановите и на двете страни. 

„Членовите на кабинетот ги овластија премиерот и министерот за одбрана да одлучат за начинот и времето на одговорот против терористичката организација Хезболах.“ – вели Кабинет за безбедност на Израел.

Од иранската влада предупредија дека секој, како што го нарекоа, ирационален напад на Израел може да предизвика војна во целиот регион. Меѓународната заедница побара од двете страни да прекинат со нападите пред ситуацијата да излезе надвор од контрола.

Во меѓувреме,  Француската национална авиокомпанија ги суспендираше летовите до Бејрут а германската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан, наведувајќи дека во секој момент може да биде суспендиран воздушниот сообраќај во земјата. Од Белата Куќа пак директно го обвинија Хезболах за нападот.

„Овој напад го изврши либанскиот Хезболах. Тоа беше нивна ракета истрелана од област што ја контролираат. Нашата поддршка за безбедноста на Израел е цврста и непоколеблива пред сите закани што доаѓаат од Иран, вклучително и Хезболах.“ – изјави Адријана Вотсон портпаролката на Советот за национална безбедност.

Израел ја презеде контролата врз Голанската висорамнина од Сирија за време на војната во 1967 година а целосно ја анектираше во 1981 година. Мнозинство од жителите не ја прифаќаат израелската националност иако тел авив со децении управува со регионот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД со нова опрема за поддршка на армијата

Следно

Македонија и Бугарија влетаа во уште една слепа улица – Коридорот 8

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop