Израел најави одмазда откако во ракетен напад загинаа 12 млади лица на Голанската висорамнина

July 29, 2024
3 mins read

Како одговор на ракетниот напад од Либан во кој загинаа млади лица на окупираната од Израел Голанска висорамнина, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вети дека „ќе го погоди силно непријателот“, додека премиерот на таа држава Бенјамин Нетанјаху го прекина своето патување во САД за да се справи со кризата.

Израел вчера најави дека ќе го „погоди силно непријателот“ откако во ракетен оган од Либан загинаа 12 млади луѓе на Голанската висорамнина, анектирана од Израел и ги разгоре стравувањата дека војната во Газа ќе се прошири.

Иран го предупреди Израел дека секоја нова воена „авантура“ во Либан може да доведе до „непредвидени последици“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди ракетниот истрел во саботата и ги повика сите страни на „максимална воздржаност“.

Израелската армија го нарече „најсмртоносниот напад врз израелските цивили“ од нападот на 7 октомври што ги започна тековните борби во Газа и предизвика редовна размена на оган преку либанската граница.

Израел го обвини либанското движење Хезболах за истрелување на иранска ракета Фалак-1, но групата поддржана од Иран, која редовно ги гаѓа израелските воени позиции, нагласи дека „нема врска“ со инцидентот.

Ракетниот истрел во Мајдал Шамс, чие население се Друзи кои зборуваат арапски, го поттикна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се врати рано од САД.

По пристигнувањето тој веднаш отиде на состанок на кабинетот за безбедност, соопшти неговата канцеларија.

„Хезболах ќе плати висока цена“ за нападот, „цена што досега не ја платил“, рече тој.

По состанокот, неговиот кабинет соопшти: „Членовите на кабинетот ги овластија премиерот и министерот за одбрана да одлучат за начинот и времето на одговорот против терористичката организација Хезболах“. Не дадоа повеќе детали.

Министерот за одбрана Јоав Галант претходно во неделата го посети местото на нападот и вети дека Израел „силно ќе го погоди непријателот“.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека Хезболах „ги преминал сите црвени линии“.

Во очекување на одмаздата на Израел, Хезболах евакуираше неколку позиции блиску до границата и во источен Либан, изјави извор близок до групата.

Израелската војска подоцна во неделата соопшти дека погодила цели на Хезболах „длабоко во либанската територија и во јужен Либан“.

Израелско беспилотно летало истрела два проектила врз селото Тараија во источен Либан, уништувајќи хангар и дом без да предизвикаат жртви, изјави либански безбедносен извор.

Хезболах соопшти дека неговиот прекуграничен оган е чин на поддршка за палестинските исламисти од Хамас кои се борат против израелската војска во Газа од 7 октомври, кога го нападнаа јужниот дел на Израел. 

Филип Лазарини, кој ја предводи агенцијата на ОН за палестински бегалци, на страницата на социјалните мрежи Х рече дека само „14 отсто од областите во Газа“ не биле предмет на наредба за евакуација. Тој го обвини Израел дека создава „хаос и паника“ со честите наредби за евакуација.

Ракетниот напад врз Мајдал Шамс погоди фудбалско игралиште и уби деца за кои локалните власти соопштија дека биле на возраст од 10 до 16 години. Единаесетгодишно момче претходно било пријавено за исчезнато по нападот, е 12-та жртва.

Ракетниот истрел врз Мајдал Шамс дојде откако израелски напад уби четворица борци на Хезболах во јужен Либан, што ја поттикна милитантната група да изврши одмазднички ракетни напади врз Голан и северен Израел.

 

Белата куќа објави дека лансирањето на ракетата било „изведено од либански Хезболах“, додавајќи дека „тоа била нивна ракета и лансирана од област што ја контролираат“.

Специјалниот координатор на ОН за Либан, Жанин Хенис-Плашерт и шефот на привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) Аролдо Лазаро во заедничка изјава рекоа дека интензивирањето на размената на оган „може да запали поширок пожар што ќе го зафати целиот регион со катастрофални последивци“.

Либан повика на „итен прекин на непријателствата на сите фронтови“, подоцна повикувајќи на „меѓународна истрага“ за нападот.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, предупреди дека „секое игнорантно дејство на ционистичкиот режим може да доведе до проширување на опсегот на нестабилност, несигурност и војна во регионот“.

Израелското Министерство за надворешни работи го нарече инцидентот во Мајдал Шамс „масакр“, обвинувајќи го Хезболах за намерно гаѓање цивили.

Многу жители на градот Друзи не ја прифатија израелската националност откако Израел ја зазеде Голанската висорамнина од Сирија во 1967 година.

Сирија ги осуди „лажните обвинувања“ на Израел против Хезболах и рече дека Израел бара „изговор за да ја зголеми својата агресија“.

Во прекуграничните престрелни од октомври досега убиени се најмалку 527 луѓе во Либан, повеќето од загинатите се борци, но билансот вклучува најмалку 104 цивили.

Според израелската армија, досега во северниот дел на Израел се убиени 22 војници и 24 цивили.

Шефот на Хезболах Хасан Насрала изјави дека доколку се постигне прекин на огнот во Газа, неговото движење ќе ги запре прекуграничните напади.

Блинкен рече дека најдобриот начин да се спречи ескалацијата на конфликтот во Газа „е да се постигне прекин на огнот во Газа на кој работиме толку напорно“.
Со месеци не успеваат напорите за договор, но египетските државни медиуми објавија дека разговори треба да се одржат в недела во Рим.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тајланд ги укина визите за граѓаните на Албанија, сега може да патуваат без визи во 99 држави

Следно

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена

Latest from Blog

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетатајаху изјави дека до кабинетот ќе го претстави нацрт-договорот за прекин на огнот со Либан, известува Анадолу. Нетанјаху објави видео-порака во која истакна дека времетраењето на

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија
Go toTop