Израел му ја пренесе надлежноста за џамијата Ибрахими на Западниот Брег на советот на доселеници

July 16, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските власти ѝ ги одзедоа на палестинската општина Хеброн административните овластувања над џамијата Ибрахими и му ги пренесоа на религиозниот совет на (еврејски) доселеници, според веста на дневниот весник „Израел Хајом“, пренесува Анадолу.

Опишувајќи го потегот како „историска и досега невидена промена“, весникот наведува дека израелската цивилна администрација го пренела овластувањето над светото место на религиозниот совет на населбата Кирјат Арба, крај Хеброн, на окупираниот Западен Брег.

Не се наведува обемот на пренесените овластувања, но се вели дека потегот има цел да ги олесни „структурните промени“ на местото.

Ова е прва голема промена во статусот на џамијата од препораките на Шагмарската комисија од 1994 година, која го подели пристапот, доделувајќи 63% од местото на еврејските верници и 37% на муслиманите.

Таа поделба следуваше по масакрот во 1994 година од страна на екстремистичкиот доселеник Барух Голдштајн, кој уби 29 палестински верници за време на утринската молитва.

Според весникот, Цивилната администрација долго време се обидува да спроведе структурни промени на локацијата, вклучително и реновирање на покривот и изградба над „Јакововиот двор“, кој го користат еврејските верници поголем дел од годината.

Нема официјална потврда од израелските власти ниту одговор од палестинската Влада за информациите.

Во соопштението објавено на 26 февруари палестинското Министерство за вакваф и религиозни работи повтори дека џамијата Ибрахими, позната и како Пештерата на патријарсите и Пештерата Махпела, е „ексклузивен исламски вакаф“ и ги осуди израелските напори да ја трансформираат џамијата во еврејска синагога.

Џамијата се наоѓа во старото градско јадро на Хеброн, во област под целосна израелска контрола каде што живеат околу 400 нелегални доселеници под заштита на околу 1.500 израелски војници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија

Следно

Турските пристаништа во првата половина од годината пречекаа 490 крузери

Latest from Blog

Демонтирана е подната фонтана каде пропаѓаа возила – пластичните држачи ќе се заменат со иноксни профили

Постојната носечка потконструкција, која беше изработена од пластични носачи што ги поддржуваа бетонските плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција изработена од иноксни профили, проектирани

Некогаш една од најубавите плажи во Преспа, денес запуштена: Мештаните сами го чистат Стење

Плажата во Стење некогаш важеше за едно од најубавите и најпосетуваните места на Преспанското Езеро. Во 2015 година таа беше уредена со песок и дополнителни содржини, а потоа привлече голем број домашни

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска

Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на
Go toTop