Израел изврши воено злосторство со американски буџетски средства

November 9, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – – Советот за американско-исламски односи (САИО) ја осуди изјавата на Белата куќа дека „нема црвена линија“ по прашањето за Газа, јавува Анадолу.

САИО со соопштение одговори на изјавите на шефот за стратегиски комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

„Уште еднаш остро ја осудуваме изјавата на Кирби дека не постои црвена линија за Владата на Израел за бројот на цивили што може да бидат убиени“, се вели во соопштението.

Роберт Мекоу од САИО​​​​​​​, исто така, истакна дека секоја изјава како оваа дека „нема црвена линија“ дополнително го охрабрува Израел да бомбардира цивили.

Тој нагласи дека Израел „извршил воено злосторство“ со буџетските средства и со поддршката на Американците.

„Го повикуваме Кирби, кој речиси се расплака додека зборуваше за украинските цивили, да сфати дека и Палестинците се луѓе и дека Белата куќа треба да престане да го поддржува обидот за геноцид на Бенјамин Нетанјаху“, рече Мекоу.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас пред еден месец.

Најмалку 10.569 Палестинци, меѓу кои 4.324 деца и 2.823 жени, се убиени во израелските напади врз Газа. На израелска страна загинаа речиси 1.600 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маричиќ: Продолжувањето на преговорите со ЕУ не зависи од Извештајот на ЕК, туку од уставните измени

Следно

Таравари за ТВ21 за „понудата“ да биде премиер: Оваа вест не е точна!

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop