Израел изврши интензивни напади врз повеќе градови во Јужен Либан

September 19, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Израел денес изврши интензивни воздушни напади врз неколку градови во Јужен Либан, во услови на зголемена загриженост за ескалација на конфликтот меѓу Хезболах и Тел Авив, јавува Анадолу.

Тензиите следуваа по двата брана експлозии на безжични уреди во Либан, кои резултираа со 37 загинати и илјадници повредени.

Репортерот на Агенција Анадолу јави дека над 50 воздушни напади се случиле во градовите во Јужен Либан.

Либанската национална новинска агенција објави дека воени авиони „извршиле серија напади врз Областа Махмудије, во близина на селото Аичије, и Касарат ал-Арош во подрачјето на Џезине“.

„Израелски непријателски авиони истрелаа десет проектили кон областа Биркет Џабур“, се наведува во соопштението.

Тензиите меѓу Израел и Хезболах се интензивираа последниве денови по бранот експлозии вчера на безжичните уреди „ICOM“ низ Либан, при што загинаа 25 лица и 450 беа повредени.

Експлозиите следуваа по слични експлозии на пејџери во вторникот, при што загинаа 12 лица, меѓу кои две деца, а беа повредени 2.800, од кои 300 во критична состојба.

Либанската Влада и Хезболах го сметаат Израел за одговорен за експлозиите на пејџерите и му се заканија со „тешки последици“.

Досега нема коментар од Израел за експлозиите што се случија во период на ескалација на прекуграничната војна меѓу Израел и Хезболах од почетокот на израелската смртоносна офанзива во Појасот Газа, во која загинаа речиси 41.300 лица, главно жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Салиу на Министерскиот состанок за ромската интеграција 2024 во Берлин

Следно

Поранешен фудбалер на Арсенал приведен за шверц на марихуана

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: По долг застој продолжува изградбата на улицата „Љубљанска“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција

Поранешниот градоначалник на Пробиштип под кривична пријава за незаконско одобрување на градба

Поранешен градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за несовесно работење во службата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела пријава против три лица

Бејта го отвори изборниот штаб во Гостивар: „Чесност и транспарентност на прво место“

Коалицијата Вреди вчеравечер го отвори својот изборен штаб во Гостивар, со што официјално ја започна кампањата за повторените избори за градоначалник на 11 јануари. Кандидатот на коалицијата, Невзат Бејта, пред присутните ги
Go toTop