Израел испрати уште една борбена бригада во Рафа

May 28, 2024
1 min read

АЛ-КУДС (АА) – Израелската Армија денес објави дека испратила уште една борбена бригада во Рафа, јужно од Појасот Газа, за да им се придружи на бригадите кои се веќе на теренот, јавува Анадолу.

Според израелското армиско радио, пешадиската бригада Бисламах влезе во Рафа во понеделникот и е шеста израелска борбена бригада во тој град.

Оваа објава се смета за вистинско проширување на операцијата на израелската Армија во Рафа, што започна на 6 мај.

Испраќањето на новата борбена бригада во Рафа доаѓа и покрај наредбата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) во петокот Израел веднаш да ја прекине офанзивата во градот исполнет со раселени Палестинци.

Моменталната експанзија на израелските сили во Рафа го приближува Израел до целосна контрола на граничната област меѓу Појасот Газа и Египет, познат како Филаделфиски коридор – демилитаризирана тампон-зона што се протега покрај границата на Газа и Египет.

Израелската Армија досега презеде контрола над речиси две третини од областа на коридорот.

Најмалку 36.050 Палестинци, од кои огромно мнозинство се жени и деца, се убиени во Газа, а повеќе од 81.000 се ранети од октомври по нападите на Хамас.

Повеќе од седум месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, а наметната е и целосна блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Газа каде што засолниште најдоа над милион раселени Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија и Косово со најголем број баратели на азил во ЕУ од Балканот

Следно

Пријавени 34 нови случаи на голема кашлица во изминатата недела

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop