Израел го повика амбасадорот на Ватикан откако папата ги критикуваше нападите во Газа

December 25, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израел го повика амбасадорот на Ватикан во Тел Авив, во Министерството за надворешни работи, откако поглаварот на Римокатоличката црква и Ватикан, папата Франциск, рече дека тоа што се случува во Газа под израелските напади не е војна, туку суровост, пренесува Анадолу.

Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ јави дека во Министерството бил повикан амбасадорот на Ватикан во Тел Авив, нунциј Адолфо Јилана, на кој му било кажано дека Израел е разочаран од критиките на папата.

Папата Франциск на традиционалната неделна молитва на 22 декември за новинарите ја коментираше ситуацијата во Појасот Газа.

„Со голема болка мислам на Газа, толку голема суровост, на децата се пука со митралези, бомбардирани училишта и болници… Тоа е голема суровост“, рече папата Франциск.

Папата на сличен начин ги критикуваше израелските воздушни напади врз Газа и на 21 декември.

„Иако претходно му дозволија на патријархот (кардиналот Пјербатиста Пицабало, заб.ав.) да влезе во Газа, вчера не го дозволија тоа и децата беа бомбардирани. Тоа не е војна, тоа е суровост. Ова сакам да го кажам бидејќи допира до срце“, рече папата Франциск.

Израел ја продолжува геноцидната војна во Газа, во која од 7 октомври минатата година убиени се 45.361 Палестинец, од нив 17.492 деца и 11.979 жени, а 107.803 лица се повредени. Инфраструктурата на Газа е уништена во голема мера, а голем број жртви сѐ уште се закопани под урнатините.

Минатиот месец Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа. Израел се соочува и со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Димитриеска Кочоска: Сметам дека вториот пензиски столб е непотребен, ни прави дополнителен трошок!

Следно

Костовски: МТФ е најдобра федерација во Македонија за 2024 година

Latest from Blog

Најубава најава за дуелот САД – БиХ: Се спомнуваат Џордан, Алкатраз, ЦИА против Бело Дугме, Гаврило Принцип, бурекот!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SolzenjicinH Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит

Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

Западните извори, исто така, стравуваат дека може да има опасност на хоризонтот, бидејќи Кремљ е под притисок од кампањата на Украина за напади со долг дострел врз цели во близина на Москва

Не одете во шума без дозвола – казните се огромни

Надлежните институции предупредуваат дека непочитувањето на забраната за движење во шумските подрачја ќе се санкционира со високи парични казни. Според важечките правила, секое физичко лице кое ќе биде затекнато во шума без
Go toTop