Израел ги погоди раселените цивили кои се движеа кон јужниот дел на Газа

November 10, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Има загинати и повредени како резултат на тоа што израелската војска ги погоди раселените цивили кои се упатија кон јужниот дел на Газа, пренесува Анадолу.

Соопштение за ова е објавено на Телеграм од страна на Министерството за внатрешни работи во Газа.

„Има смртни случаи и повредени како резултат на нападите на израелските окупациски сили врз раселените цивили кои се движеа кон јужниот дел на Појасот Газа во близина на долината Газа“, се нагласува во соопштението.

Израел повика на евакуација на повеќе од 1 милион луѓе на северот на Појасот Газа и тврдеше дека има „безбедносни коридори“ за минување на раселените.

Палестинските власти нагласија дека нема безбедносен коридор или безбедно подрачје во Појасот Газа и дека израелската војска продолжува со нападите, вклучително и врз цивилите и болниците.​



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Абрамсот нема да и заврши работа на Америка на Пацификот

Следно

Блокиран сообраќајот на патот Велес – село Извор поради сообраќајка

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop