Израел ги ограничува Палестинците во пристапот до џамијата Ал-Акса трет последователен петок месецов

March 21, 2025
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелските власти трет последователен петок овој месец за Рамазан продолжија со ограничувањата за пристап на Палестинците до Ерусалим за молитва во џамијата Ал-Акса и покрај тоа што многумина имале дозволи, јавува Анадолу.

Израелските сили на контролниот пункт Каландија, северно од Ерусалим, ги проверуваа личните карти и дозволите за молитва.

Според извештаите, десетици Палестинци, иако поседувале соодветни дозволи, биле спречени да влезат во Ерусалим.

Ибрахим Авад, од градот Ал-Јамон во северниот дел на Западниот Брег, за Анадолу изјави: „Стигнав до контролниот пункт, ми ја проверија личната карта, но без никаква причина ми забранија влез.“

„Кога си заминав, добив порака на мобилниот телефон во која пишуваше дека ми е забранет влез во Ерусалим поради ‘поттикнување’ на социјалните мрежи“, додаде тој.

Авад ги негираше обвинувањата велејќи дека само изразил сочувство за жртвите. „Окупацијата ги замолчува гласовите. Не сакаат ниту да сочувствуваме со жртвите, а не пак да стигнеме до Ерусалим“, истакна тој.

Исмаил Абдула, 67-годишен Палестинец, изрази фрустрација бидејќи му бил одбиен влез и покрај тоа што имал дозвола.

„Никогаш не сум видел ваква ситуација. Ова е ужасно! Што да кажеме? Израелците не сакаат Палестинци никаде – ни во Ерусалим ни на кое било друго место“, рече тој.

Друг постар човек, Садик Мухамед, од градот Беит Ур ал-Тахта во регионот на Рамала, исто така, бил спречен да влезе.

„На моја возраст тие сè уште ме спречуваат да влезам во Ерусалим и да се молам во Ал-Акса, тврдејќи дека немам дозвола за молитва“, изјави тој, прашувајќи: „На оваа возраст, каква дозвола очекуваат да имам за да се молам во Ал-Акса?“

На 6 март израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри построги ограничувања за пристап на палестинските верници до џамијата Ал-Акса за време на муслиманскиот свет месец Рамазан.

Според новите мерки, само мажи над 55 години, жени над 50 и деца под 12 години ќе може да влезат во џамијата, но и тоа ќе биде условено со претходна безбедносна дозвола и детални проверки на одредени контролни пунктови.

Одлуката се совпаѓа со секојдневните упади на стотици нелегални израелски доселеници во Ал-Акса за време на Рамазан, како и со зголемените ограничувања за патување на Палестинците од Западниот Брег кон Ерусалим.

Од почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година израелските власти воведоа строги мерки со кои се ограничува пристапот на Палестинците од Западниот Брег до Источен Ерусалим.

Палестинците ги сметаат овие ограничувања како дел од пошироките напори на Израел да го „јудаизира“ Источен Ерусалим, вклучително и џамијата Ал-Акса, но и да го избрише неговиот арапски и исламски идентитет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Митева: Од 23 со лиценца констатирано е дека 13 не исполнуваат минимум технички услови

Следно

Кејн оптимист за шансите да ја освои „Златната топка“

Latest from Blog

Започна акција за спасување на делфин, кој живее среде Венеција- бродовите може да го убијат (ВИДЕО)

Неговото присуство во близина на плоштадот Свети Марко предизвика кампања за негово спасување поради опасноста од големиот бродски сообраќај, пишува The Guardian. Мимо последен пат беше виден завчера во базенот Свети Марко,

Трагична полициска потера во Бугарија: Автомобил пропадна во езеро, загинаа шест лица (ВИДЕО)

Автомобилот што слета во езерото Ваја бил регистриран во Романија и го управувал Романец. Во него имало 10 лица, вклучувајќи го и возачот, објави Euronews. Според медиумските извештаи, автомобилот „Шкода“ се движел

3-те најпосетувани градови во светот: Првиот никој не го очекуваше – мора да ги посетите

Иако многумина би помислиле дека Париз е најпосетуваниот град на планетата, или можеби Њујорк, тоа се Истанбул, Лондон и Дубаи. Дубаи, Обединети Арапски Емирати Овој футуристички град го освои третото место со

Колумна на Мартин Ристевски: ПОСТИЗБОРНО

Изборниот процес донесе многу интересни текови за нашата држава. Историски пресврти во многу општини, крај на една политичка партија и структура која се уште е заробена во 2001 година, како и многу нови предизвици
Go toTop