Израел функционира како американски носач на авиони

2 mins read

Уште од основањето на израелската држава, ционизмот на неа гледал како на ентитет со посебна мисија. Основачот на ционистичкото движење, Теодор Херцл, ја опиша својата предложена еврејска држава во неговата книга од 1896 година, Der Judenstaat (Еврејската држава) како „одбранбен ѕид за Европа во Азија и истурена станица на цивилизацијата против варварството“.

Некои ќе речат дека дека ционизмот не е колонијален проект бидејќи Евреите живееле во Палестина илјадници години. Но, ова го игнорира фактот дека Евреите кои живееле во Палестина скоро 2.000 години пред упадот на европските ционисти во Палестина, честопати биле барем подеднакво лојални и на својот палестински идентитет.

Во 1947 година, Обединетите нации – контролирани од европските колонијални сили како што се Франција и Англија и нивниот сојузник, САД – гласаа за создавање еврејска држава. Новата држава беше опкружена со жртви на европскиот колонијализам: Јордан, кој стана независен од Британија во 1946 година; Сирија и Либан, кои станаа независни од Франција во 1946 и 1941 година; Египет, кој не стана независен од Британија сè до 1952 година. Во 1956-та, кога Египет се осмели да се прогласи за сопственик на Суецкиот канал, кој минува целосно низ египетската територија, Израел им се придружи на своите колонијални спонзори Франција и Англија во војната против една земја која беше поранешна колонија на двете, исполнувајќи го ветувањето дека ќе биде „одбранбен ѕид“.

Американската воена помош за Израел речиси никогаш не изнесувала повеќе од 13 милиони долари годишно, сè до Шестдневната војна и раните 1970-ти кога експлодираше во стотици милиони, а потоа и милијарди долари. Речиси целата помош мораше да се потроши на оружје од американските одбранбени производители. Во ерата кога САД не се осмелуваа директно да се конфронтираат со Советскиот Сојуз, Израел војуваше со Либан, Сирија и Египет, спротивставувајќи го напредниот американски воен хардвер на советскиот хардвер. Ова го направи Израел единствениот актер кој може да користи американско оружје против руското оружје без ризик од предизвикување светска војна, од суштинско значење за тестирање на американското оружје во услови на воени конфликти.

Во меѓувреме, Израел развиваше своја воена индустрија, специјализирана за продажба на оружје на диктаторите што американските претседатели сакаа да ги поддржат, но не можеа. Армијата на Гватемала користела израелско оружје и обука од израелски советници за да изврши геноцид врз домородното население на Маите во 1980-тите. Гватемалските десничари тоа го нарекуваа „палестинизација“.

Денес, кога сè поретки се војните меѓу држави, вистинската потреба на моќните елити е да го контролираат цивилното население. Израел е главен извозник на опрема за цивилна контрола. На пример, специјалци на израелската војска во цивил се инфилтрираат во мирни палестински демонстрации, иницираат насилство а потоа армијата пробува различни видови солзавец или оружје за да видат кој функционира најдобро. Подоцна, овие производи се продаваат на меѓународно ниво како „тестирани во битка“ – вклучително и на американската полиција.

Израелскиот производител на одбрана Elbit Systems продава толку многу напредна технологија за надзор на американската јужна граница што отвори подружница во Ел Пасо. Не се набљудуваат само очајните имигранти: мрежа од надзорни камери и израелски софтвер ја покриваат цела Атланта, во која практично е невозможно да се мрдне без тоа да го видат надлежните очи.

Приватната израелска компанија, NSO Group, го разви озлогласениот Пегасус, софтвер на кој, откако ќе влезе во некој мобилен телефон, му се достапни сите податоци од телефонот. За разлика од останатиот малициозен софтвер, за Пегасус не е потребен никаков клик. Лиценцата за користење на софтверот може да се продава само со одобрение од израелската влада. Кој го има? ФБИ (го купиле ама „ветија“ дека нема да го користат), Саудиска Арабија, Македонија

„Не е случајно што на 3 јули 2017 година, стоејќи на американски носач на авиони, Бенјамин Нетанјаху го спореди Израел со моќен американски носач на авиони. Така Израел, како воена колонија, му служи на својот империјален господар. А Америка ѝ се оддолжува на својата воена колонија во натура“, пишува Вагман.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Ванковска и Јакимовски му вратија на Мицкоски: Не сме марионетки

Следно

Федерико Брињоне триумфираше во Квитфјел

Latest from Blog