Израел фрли 18.000 тони бомби во Газа, 1,5 пати повеќе од бомбите фрлени во Хирошима

November 1, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската Армија фрлила 18.000 тони бомби врз Појасот Газа од 7 октомври, или околу 1,5 пати повеќе од експлозивната сила на бомбата фрлена врз Хирошима, Јапонија, во Втората светска војна, според официјални лица во опколената енклава, пренесува Анадолу.

Говорејќи за медиумите, Салама Маруф, шеф на владината канцеларија за медиуми, рече дека израелските сили уништиле и 85 владини згради во Газа.

„Во Газа, Израел урна 47 џамии и нанесе значителна штета на три цркви. Нападите резултираа со над 200.000 оштетени згради, од кои 32.500 станаа непогодни за живеење, 203 училишта претрпеа големи оштетувања, а 45 училишта сега целосно не работат. Поради интензитетот на нападите, статистиката сè уште не е завршена“, додаде Маруф.

Според Женевската конвенција, нападите врз богослужби и училишта и други цивилни структури се забранети. Израел тврди дека милитантите се засолнуваат во или околу овие згради.

„Израелската Армија масакрираше 908 семејства, предизвикувајќи смрт на илјадници луѓе“, нагласи Маруф.

„Во нападите загинаа вкупно 35 новинари, 124 здравствени работници и 18 вработени во цивилната одбрана во спасувачките тимови за итни случаи“, истакна тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отворена границата со Египет, се евакуираат странци и тешко повредени од Газа

Следно

Девизи, детокс чаеви и глава за мотор за товарно возило, дел од заплените на Мобилна царина    

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop