Израел бара алтернативни патишта за добивање оружје за нападите врз Газа

March 25, 2024
1 min read

КУДС (АА) – Израел истражува алтернативни патишта за набавка на оружје за да продолжи со својата тековна офанзива во Појасот Газа, објави израелскиот јавен сервис во услови на тензии со Соединетите Американски Држави (САД) околу започнувањето на воената операција во градот Рафах во јужниот дел на Газа, пренесува Анадолу.

Медиумот не ги прецизираше алтернативните маршрути што Израел ќе ги искористи за да го добие потребното оружје.

Сепак, цитираше неименуван безбедносен претставник дека тензиите со САД во врска со операцијата во Рафа и хуманитарната криза во Појасот Газа ќе имаат влијание врз подготвеноста на Вашингтон да продолжи да му помага на Израел со исто темпо.

САД, најголемиот поддржувач на Израел, неодамна излегоа со различен став од Тел Авив околу опасноста од започнувањето воена операција во густо населениот палестински град Рафа.

Во врска со тоа, израелскиот медиум објави дека некои земји веќе го прекинале снабдувањето со муниција за Израел како дел од својата политика на „тивок бојкот“.

На 20 март Канада објави забрана за продажба на оружје на Израел.

И покрај меѓународниот гнев поради страшната ситуација во палестинската енклава, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху долго време ја искажува својата намера да го нападне Рафа, најјужното гратче во Газа и едно од последните места поштедени од копнена инвазија.

Израел започна воена офанзива во Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас.

Во израелските напади што започнаа оттогаш загинати се над 32.200 Палестинци, а над 74.500 се повредени.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за гарантирање хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на Лајчак со главните преговарачи на Белград и Приштина за оптек на динарот на Косово

Следно

ДЗР: Мерките за студентскиот стандард се недоволно ефикасни и економични за финансиска самостојност на студентските домови

Latest from Blog

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на
Go toTop