Израел 180 дена врши напади врз Газа: Загинати речиси 33.000 Палестинци

April 3, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Вкупно 32.975 Палестинци загинаа во израелските напади врз Појасот Газа што започнаа во октомври минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава, јавува Анадолу.

Министерството за здравство излезе со соопштение на 180-от ден од израелските напади врз Газа.

Во тековните напади повредени се 75.577 Палестинци, се додава од Министерството.

Се истакнува дека во изминатите 24 часа „Израел изврши пет масакри врз семејства низ Појасот Газа, во кои загинаа 59 лица, а 83 се повредени“.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Израел започна со напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас, во кој загинаа речиси 1.200 луѓе.

Израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени, според Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој во јануари донесе привремена одлука со која му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе дојде до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Девет дена ја нема малата Данка: Црно комбе и полициска патрола на местото каде исчезна девојчето

Следно

Столтенберг: На Украина ѝ треба попредвидлива и посилна поддршка

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop