Измените на Законот за локална самоуправа на собраниска седница

September 11, 2024
1 min read

Собранието денеска треба да ја започне 14. седница на која на предложениот дневен ред се 31. точка, меѓу кои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, со којшто, меѓудругото, се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината. 

За да се изгласа овој закон потребно е двотретонско мнозинство. Според информациите од Собранието, пратениците на ДУИ ќе го поддржат законот, а пратеничката група на СДСМ до вчера доцна попладне немаше се уште изградено став како ќе гласа на седницата за овој закон.  

По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници, в.д градоначалници има во Аеродром, во Гостивар и во Сарај. 

На предложениот дневен ред на седницата се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање, Предлог за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Предлог за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно – истражувачка дејност, од редот на студентите. Потоа измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за медиуми, измени на Законот за архивски материјал, на Законот за користење на податоците од јавниот сектор, измени и дополнувања на Законот за бесплатна правна помош, сите по скратена постапка и други.  
 
На дневен ред се и неколу закони во прво читање  и годишни извештаи. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Евроголот на Барди во конкуренција за најубав гол во 2.коло од Лигата на нации (ВИДЕО)

Следно

Најмалку 143 лица настрадаа, а 58 се водат за исчезнати по налетот на тајфунот Јаги во Виетнам

Latest from Blog

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за изборот на новата влада во Косово

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше
Go toTop