Измени во Законот за тутун за заштита на домашното производство: Забранет е увоз додека трае откупот

August 5, 2025
2 mins read

Додека трае откупот на домашната реколта тутун, нема да се увезува тутун од странство. Ова е една од клучните измени во Законот за тутун кои поминаа во Собранието и веќе од 29 јули, со објавување во Службен весник, се на сила.

Сојузот на земјоделските здруженија е задоволен од законските измени и смета дека вака се штити домашното проиводство.

– Со ова, прво, го заштитуваме нашето, домашно производство на тутун. Значи, од 16 ноември па до 28 февруари наредната година, додека трае откупот, да не може да се купи, да се увезе ниту еден килограм тутун. Тоа ни беше најбитно и голема помош имавме од Министерството и министерот за земјоделство, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство прецизираат дека уште од февруари се донесе решението дека се неопходни законските измени за да се подобри прометот, откупот на тутун и да се поддржи оддржливото производство.

-Измените на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи се однесуваат на подобрување на откупот, прометот и контролата на тутунот, забраната за увоз на необработен тутун, тутун сушен на сонце (sun – cured) за време на периодот на откуп на тутун од домашно производство, обврската на откупувачите на тутун за водење на евиденции за откупените, увезените и обработените количини на тутун и внес на податоците во информативниот систем за евиденција на тутунското производство, подобрување на условите за обработка на откупениот тутун за откупувачите на тутун, велат од Министерството за земјоделство.

Работна група со претставници од Министерството за земјоделство, од Сојузот, откупувачите, Министерството за здравство, од Стопанската комора и Царината ги изготвуваше измените.

-Со измените ќе се допрецизира поимот за промет на тутунот (промет на необработен тутун во смисла на овој закон е увоз на необработен тутун наменет за обработка). Се доуредува информативнот систем за евиденција на тутун ИСЕТ, ќе се подобри откупот на тутунот и, покрај со евидентирани податоци за договорени и откупени количини тутун, да се внесуваат и податоци за увезени количини необработен тутун, ќе се подобри прометот и контролата на тутунот, како и ќе се подобрат условите за просториите и опремата за сместување и обработка на тутунот заради подобрување на откупот и обработката на тутунот од откупувачите, прецизираат од Министерството за земјоделство.

Забраната за увоз на ароматичен тутун додека трае откупот, како и можноста освен досегашните четири откупни компании, сите да може да го преработуваат и да го извезат откупениот тутун, се донесени по брза постапка за да може да се применуваат веќе од годинашнава откупна кампања. Другите законски измени ќе одат во редовна постапка и од Сојузот се надеваат дека ќе бидат донесени до крајот на годинава.

– Другите измени во Законот за тутун ќе одат во редовна постапка, меѓу другото и зголемувањето на ингеренциите на Сојузот на земјоделските здруженија. Со тие измени ќе бидеме целосно рамноправни партнери во договарањата со откупувачите, во поглед на договорите за реколтата, цените, за текот на откупот, како и за полагањето лиценци за повереници при откупот на тутунот. Мислам дека тие измени во редовна постапка ќе се донесат до крајот на оваа година, вели претседателот на Сојузот, Ристески.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Сцени кои ќе ве натераат повторно да заплачете, „ЕНФИЛД“ не го заборави ДИОГО ЖОТА

Следно

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop