Изложби во КИЦ Скопје, Бојаров со теракота и фузирано стакло, Тасевска со фотографии

December 17, 2024
1 min read

Во Културно информативен центар – Скопје вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба со дела на уметниците Љупчо Бојаров и Каја Тасевска.

Бојаров ќе се претстави со ОБЈЕКТИ – Теракота и фузирано стакло –

-На оаваа изложба ќе се преставам со објекти, изработени во теракота и фузирано стакло. Теракотата е прастара техника на изработка на предмети од печена глина, а фузираното стакло е понова техника на обработка на стакло. Ќе бидат изложени 25 објекти изработени во оваа година, вели Бојаров.

Тасевка пак ќе изложи уметнички фотографии под наслов „Анемоја: Носталгија за свет што никогаш не го познавав“.

– Свет обликуван од ехото на некогашните животи, бранувајќи низ времето, предизвикува емоции за минатото што никогаш не го допрев. Анемоја ги врзува овие фотографии во наратив за копнеж за епохи кои постојат само во фрагменти: во раскажаните приказни, во текстурите на ѕидовите во распаѓање и во архитектурата на заборавени спомени. На изложбата ќе се преставам со 30 уметнички фотографии.

Изложбата ќе биде отворена до 15 јануари.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија ги отвори преговорите по кластерот „Надворешни односи“

Следно

Ненадејно почина професорот Сашо Кожухаров

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Што е деновиве актуелно од расипништвото на

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за
Go toTop