Изложбата „105 години Требенешта“ е пример за меѓусоседска соработка од значење за регионот и за Европа

October 9, 2023
1 min read

Заменик-министерот за култура, Даим Лучи, во Софија се сретна со заменик-министерот за култура на Република Бугарија, Чавдар Георгиев, во пресрет на изложбата „105 години Требениште“, што вечерва се отвора во Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија.

Оваа изложба е продолжение на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН – Софија, Народниот музеј на Србија – Белград, Археолошкиот музеј на Република Македонија – Скопје и Заводот и музеј – Охрид.

„Изложбата ни покажа колку е вредна нашата соработка во регионот зашто преку артефактите презентирани овде, на меѓународната заедница ѝ претставуваме целосна успешна приказна за еден исклучителен локалитет кој зборува за цивилизацијата на ова тло во шестиот и петтиот век пред нашата ера“, рече заменик-министерот Лучи.

На средбата тој додаде дека со поддршката од двете министерства е обезбедена реализацијата на оваа изложба. „Ова е пример како со соработка можеме да направиме нешто за пример во регионот и во европски рамки“, додаде Лучи.

Стана збор за искуствата околу организирањето на овој комплексен проект што се реализира во трите држави и предизвикува голем интерес кај јавноста, како и за традиционално добрите односи во културата меѓу двете земји.

Програмата за соработка меѓу Македонија и Бугарија, која е темелен акт за интензивна комуникација во овој ресор, а се потпишува меѓу двете министерства, е обновена во 2022 година. Беше потенцирано дека за континуитетот во билатералните односи во културата голема заслуга имаат културно-информативните центри, македонскиот во Софија и бугарскиот во Скопје, кои се средиште на многубројни настани од сите области што ги поврзуваат културите на двете земји.

Заменици-министрите Лучи и Георгиев разговараа за насоките во спроведувањето на програмските цели на меѓусебната соработка и ги истакнаа успешните примери, како што се: изложбата „105 години Требениште“, соработката во хорската дејност, потоа соработката во визуелните уметности и повеќето изложби низ градови во Бугарија, како и соработката во музичката дејност со учество на фестивали од различни жанрови. За афирмација на соработката во културата, беше истакнато дека се од големо значење учеството на бугарски поети на Струшките вечери на поезијата, многубројните преводи на книжевна дела на двата јазика и поттикнувањето на творештвото.

На средбата беше истакнато дека двете министерства продолжуваат со промоција и поддршка на цврстите врски што се постигнати во театарската и во филмската уметност, што поттикнува и меѓународна презентација на уметноста на двете соседни земји.

Заменици-министрите за култура на двете земји разговараа и за иницирање соработка меѓу Пловдив и Скопје пред претстојната манифестација „Скопје – европска престолнина на културата“, по успешните искуства што ги имаше Пловдив пред пет години.

Заменик-министерот Даим Лучи упати покана до својот колега и до министерот за култура на Бугарија, Крастју Крастев, да присуствува на отворањето на изложбата „Сребрена Тракија“ следниот месец во Скопје.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Помирување, а не простување за Груевски – Битиќи: Помирувањето може да значи донекаде ублажување на казната

Следно

Орвел за кукавичлукот на новинарите и интелектуалците

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop