Изложба на македонски музички плакати во Галерија МКЦ на 26 мај

May 23, 2023
1 min read

Во рамки на четвртото издание на Скопски Градски Фестивал, Баги Комуникации организира изложба на македонски музички плакати. Изложбата ќе биде отворена на 26 мај, во Галерија МКЦ, со почеток во 20 часот

На изложбата ќе бидат претставени 40 плакати на македонски музичари и групи од изминатите три децении и истата е своевиден пресек и документ на македонскиот музичкиот дизајн, велат организаторите.

Тие порачуваат дека Скопски Градски Фестивал за своите 4 години постоење сериозно го зазема своето место на мапата на културни настани кои вреди да бидат посетени.

Фокусирајќи се на концерти од различни жанрови како џез, рок, етно, фјужн, фестивалот нуди богата и квалитетна програма за вистинските музички познавачи и љубители. Веќе за следната година, кога се најавува јубилејното 5 издание на Фестивалот од Баги Комуникации најавуваат збогатување на програмата и со други културни форми и содржини, додаваат организаторите.

Влезот на изложбата на македонски музички плакати во МКЦ е бесплатен за сите посетители, а изложбата ќе трае до 5 јуни.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДРУШТВОТО НА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ ДОБИ СВОЈА ГАЛЕРИЈА, НА БУЛЕВАР ИЛИНДЕНСКА

Следно

Приватните превозници од утре се враќаат на скопските улици – потпишаа договор со ЈСП

Latest from Blog

Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ

Претседателката на ДКСК осомничена во случајот Адитив – одобрени мерки за претпазливост

Мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, осомниичена во предметот „Адитив“. Кривичниот суд попладнево го прифати барањето на обвинителството за организиран криминал и корупција и одобри привремено одземање на патната

Санкциониран возач кој со возило се движел по велосипедска патека во скопски Бутел

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” ве известуваме дека
Go toTop